Знаете ли за што е добар и лековит темјанот или само „ви мириса на црква“?

Темјанот е билка која помага кај болести како депресија или анксиозност, а со години се користи и за лекување на артритис, како и на разни кожни заболувања.

0
833

Сѐ  поголем број луѓе во последните неколку децении користат темјан, односно, палат темјан за да го прочистат воздухот или за да лекуваат различни болести. Но што всушност знаеме за темјанот?

Темјанот се собира од смолата на различни билки кои растат на Арапскиот полуостров, најпозната е Boswellia. За да се добие миризлива супстанција, потребно е а се собере жолтеникава смола, која се одбира според различни карактеристики и својства, според бојата, величината или чистотата. Денеска темјанот се користи главно во облик на стапчиња.

Во минатото го користеле во текот на верските обреди или за отстранување на непријатните мириси. Се сметало дека чадот од темјан усмерен кон небото воспоставува контакт со боженството и затоа го користеле многу древни цивилизации како што се Египет, Етрурците, Римјаните (кои го користеле за прочистување на околината или како данок за мртвите), како и Маите. Темјанот се користел и во Ајурведската медицина, а и денеска, оваа медицина го употребува корисните својства на темјанот за подготвување на масти против кожни проблеми, како и во текот на изведувањето јога-вежби за концентрација и медитација. Модерниот свет го користи во ароматерапијата, како и во фармацевтската индустрија и изработката на парфеми.

Тејанот може да се најде во форма на зрна, во прав, во капусли кои содржат сув екстракт или во облик на етерично масло и може да се користи во многу случаи:

Крем против брчки: Само капнете неколку капки етерично масло во обична хидратантна крема, а потоа нанесете на кожата.

За искашлување, против синусит, бронхитис, астма, алергии или настинки: подгответе када со врела вода, ставете 5/6 капки етерично масло од темјан и еукалиптус, а потоа седете во неа барем 15 минути.

Циститис: Против овој здодевен проблем на мочниот меур, ќе ви помогне доколку ставите 5 капки етерично масло од темјан во 250 мл превриена вода и секојдневно масирајте се.

Менструални болки или грчеви во стомакот: масирајте го долниот дел од стомакот откако ќе помешате 1 лажица бадемово масло и неколку капки етерично масло од темјан.

Исто така, темјанот е билка која помага и кај други болести, како депресија или анксиозност. Со години се користи за лекување на артритис, како и на разни кожни заболувања.

Фото: Unsplash (Photo by Hanson Lu on Unsplash)