Знаете ли зошто портокалите се продаваат во црвени мрежички?

Веројатно сте забележале, но не сте размислувале за тоа дека портокалите во маркетите секогаш се продаваат во црвени мрежички.За разлика од тоа, лимонот е во бела или зелена мрежичка.

0
305

Причината за ваквото паување не е случајна. Во црвена мрежичка портокалите изгледаат „порумено“, односно, попожелно, па и веројатноста дека ќе посакате да ги купите е поголема.

Трговците се служат со трикови и кога станува збор за лимони или за грејпфрут на кои најдобро им одговара бeла или зелена мрежичка.

Не е случајно ни тоа дека корпите во продавниците се сѐ поголеми. Мартин Линдстром, автор на книгата која се занимава со триковите на трговците, вели дека со поголеми корпи купувачите купуваат 19 отсто повеќе.

Еден од начините да ја зголемат продажбата е и трикот на трговците фриждерите со млеко и млечни производи да ги стават на крајот од продавниците, надевајќи се дека на купувачите „ќе им падне во око“ уште нешто додека одат кон основните животни намирници кои секојдневно ги купуваат.

Фото: Pixabey