Зошто јаболката имаат црни точки и дали се штетни?

Сеедно дали се зелени, жолти или црвени: на многу јаболка често можеме да видиме црни точки. Како настануваат и дали се штетни за здравјето?

0
170

Сочни, слатки, киселкасти, со разни бои: јаболката се вистинско чудо на природата. Освен што се вкусни, многу се здрави.

Меѓутоа, зошто некои јаболки имаат црни точки, а некои не? Црните дамки на кората од јаболкото настануваат поради еден недостаток. Имено, на овошјето за време на растењето му недостасувал калциум. Освен што точките е гледаат однадвор на кората, тие се протегаат и во „месото“ на јаболкото. На тие места јаболкото често има погорчлив вкус.

А дали се штетни?

Без грижа! Слободно јадете јаболка со „дамки“. Не се ништо помалку здрави од беспрекорно „чистите“ примероци. Многу поголем проблем во денешно време се користењето на бројни адитиви при одгледувањето на јаболката, но и измамите на трговците кои вбризгуваат во нив хемикалии поради кои изгледаат речиси како вештачки. Исто така, тие го продолжуваат нивниот век на траење такашто ги премачкуваат со восок.

Како тогаш да се избегнат овие измами? Верувајте му на инстинктот. Јаболките кои се премногу блескави, премногу зелени и премногу тркалезни и кои изгледаат премногу совршено за да бидат вистински, најверојатно се третирани со хемикалии. Купувајте јаболки кои не изгледаат толку совршено. И на крајот, очигледно е дека оние црни точки од почетокот на текстот се целосно безбедни во споредба со сите овие проблеми.

Фото: Pixabey