Зошто е добро да се јадат намази од јаткасто овошје?

0
467

При спомнувањето на путер од јаткасти плодови прво ни паѓа на памет путерот од кикирики. Го сакаме на леб со пекмез, во утринското смути и во здравите десерти. Но освен од кикирики, путер, односно, намаз, може да се направи од кој било јаткаст плод. Па така се прават намази од бадеми, индиски ореви, лешници, па дури и од семки од сончоглед или од сусам.

Намазите направени од јаткасти плодови содржат протеини со растително потекло, здрави масти, прехранбени влакна, витамини, минерали и фитохемикалии. Нутритивната вредност на одделен вид на намаз зависи од видот на јаткастиот плод од кој е направен, но за сите можеме да кажеме дека содржат квалитетни незаситени масти чија консумација се доведува во врска со намалувањето на холестеролот и здравјето на срцето и крвните жили.

Внимателно!

Кога купуваме намаз од јаткасти плодови би требало да ги бираме оние производи кои не содржат многу сол и шеќер. Ако купувате намаз чија листа од состојки содржи исклучиво една намирница, тогаш можете да бидете сигурни дека купувате квалитетен производ. Исто така, иако таквите намази содржат квалитетни маснотии, сепак имаат повисока калориска вредност па со нив не треба да се претерува.

Предности

Истражувањето објавено во списанието Journal of Nutrition and Metabolism покажало дека појадокот кој содржи бадеми можеме да помогне во одржувањето на правилното ниво на глукозата во крвта во остатокот од денот. Предноста на стабилното ниво на глукоза во крвта е поголема енергија во текот на денот и помал ризик од зголемена желба за храна и од прејадување. Затоа, навалете на намаз од бадеми кој патем, од сите намази од јаткасти плодови, содржи најмалку калории и најмногу влакна. Во списанието Breast Cancer Research and Treatment е објавено истражување во кое е откриено дека консумацијата на путер од кикирики во периодот помеѓу 9 и 15 години, кај девојчињата го намалува ризикот од болести на дојката кои го зголемуваат ризикот од карцином на дојка. Во истражувањето биле вклучени повеќе од 9 илјади девојчиња, а консумацијата на путер од кикирики 3 пати неделно го намалило ризикот од болести на дојката за 39 отсто.