Зошто е добро да се употребува поточарка?

За нејзината нутритивна вредност најдобро говори фактот што содржи поголема количина железо од спанаќот, повеќе калциум од млекото и повеќе витамин Ц од лимонот и портокалот.

0
1372

Станува збор за билката која се вика поточарка, а која со текот на годините како да е подзаборавена па дури од неодамна почна повторно да се употребува во кујната како храна, но и како лек.

Поточарката е позната како една од најстарите билки која многу стари народи ја користеле во исхраната и во лекувањето на здравствените тегоби, а неодамна официјалното меѓународно истражување ја прогласи оваа лисната зелена билка за моментално најздравиот зеленчук на планетата, односно за намирница број 1.

Поточарката го стопира и намалува оксидативниот стрес и го засилува антиоксидативниот ефект. Влијае врз размената на хемиските соединенија во нашиот метаболизам и ги регулира пореметувањата кои настануваат.

Ја чисти крвта, освежува, го поттикнува апетитот, го прочистува целиот организам.

Во народната медицина има голема примена во лекувањето и тоа во свеж облик и во облик на свеж сок, но само во сооднос 1:5 (еден дел сок и пет делови вода), и не секојдневно бидејќи може да предизвика воспаление на желудникот и ждрелото и да ги надразни бубрезите. Сокот од поточарка е омилено средство за надворешна употреба при кожни заболувања.

Научните истражувања говорат за стопирање на растот на туморот и метастазите (експериментирано со животни) ако екстрактот од поточарка се инјектира за помош во лекувањето на кардиоваскуларни болести и стопирање на карциномот на дојка. На пушачите им се препорачува салата од поточарка која одлично делува и ги спречува штетните последици од пушењето.