Зошто се јајцата супер намирница која треба често да се јаде?

Во стотина грама јајца има 150 калории, па зависно од начинот на приготвување можеме да ги наречеме и диетална намирница.

0
559

Јајцата се ефтин извор на белковини кои обезбедуваат раст и развој на сите телесни ткива. Еве зошто би требало почесто да ги јадеме, без оглед на количината на холестерол во овие протеински бомбици.

Тешто е да се најде намирница која има таква кулинарска флексибилност како јајцето. Тоа може да се приготвува на различни наини, а е задолжителен додаток на различни теста, тестенини. Крем за колачи и торти. Во стотина грама јајца има 150 калории, па зависно од начинот на приготвување можеме да ги наречеме и диетална намирница.

Јајцето е единствена природна намирница која со готвењето во лушпа ја задржува сета хранлива вредност.

Најмалку калории ќе внесеме во организмот ако јајцето го јадеме варено во лушпа или поширано во вода, а бројките значително ќе се зголемат ако го пржиме на масло и ако го мешаме со други калорични намирници како на пример, сланина и сирење. Две третини од јајцето зазема нискокалоричната белка (околу 50 калории на стотина грама), додека жолчката е примарен извор на масти (околу 350 калории на 100 грама).

Извонреден извор на белковини

Јајцето е одличен извор на белковини – во стотина грама има околу 13 отсто од овие важни материи кои го градат целото телесно ткиво, и е неопходна за изградба на мускулите. Воедно, станува збор за единствена природна намирница која со варење во лушпа ја задржува сета хранлива вредност. Освен тоа е одличен извор на фосфор, селен, пантотенска киселина, како и со витамини A, B12 и D.

Содржи и железо, цинк, калиум и витамин Е. Не треба да се фрла дури ни лупата – таа е извор на калциум и магнезиум кои ќе бидат многу корисни за почвата. Здробете ја лушпата од јајце и „нахранете“ ја својата градина.

Извор на добар или на лош холестерол?

Во едно јајце има повеќе од 200 мг холестерол што е многу голема количина. Иако овој податок е користен за да се пропагира неговата штетност за човековото здравје, многубројни студии покажале дека холестеролот од јајцето нема негативно влијание на холестеролот во крвта на човекот.

Дури се покажало дека редовната консумација на жолчки го покачува добриот холестерол, додека висините на лошиот холестерол биле сведени на дозволени граници.

Не треба да се заборави и дека се јајцата богати со антиоксидансот лутеин кој ја спречува макуларната дегенерација на окото, и го штитат својот орган од прерано губење на видот.

Фото: Pixabey