Зошто се фрла храна: Разлика помеѓу „да се употреби до“ и „најдобро е да се употреби до“

Европската комисија објавила голема студија за влијанието на ознаките за роковите за трајност врз фрлањето на храна во Европската унија.

0
438

Резултатите од теренското истражување покажува дека годишно околу 9 милиони тони храна годишно (10 отсто од вкупната количина на фрлена храна во ЕУ) се фрлаат од причини поврзани со ознаките за трајност на прехранбените производи.

После насоките за донирање на храна, Европската комисија го исполнила другото клучно барање од извештајот што го напишала известувачката на Европскиот парламент за намалување на фрлањето и зголемување на донирањето на храна, Билјана Борзан.

„Претпоставувавме дека големите количини храна што се фрла се поврзани со погрешното означување на прехранбените производи и неразбирањето на разликите помеѓу „да се употреби до“ и „најдобро да се употреби до“, рекла Борзан. Според истражувањето кое опфатило 2.296 производи купени во 109 продавници на територијата на осум држави членки на ЕУ, најмногу потенцијал за намалување на фрлањето на храна во контекст на роковите на траење има кај млечните производи, свежите сокови и пакуваното месо и риба.

Помалку под половина од граѓаните на ЕУ ја разбираат разликата помеѓу „да се употреби до“ и „најдобро да се употреби до“, ознаки кои се пропишани со европското законодавство. Иако по истекот на оваа друга ознака, храната може да биде добра за јадење уште со денови, недели и месеци, таа масовно се фрла на денот кога истекува.

„Најдобро да се употреби до“ значи дека производителот тврди дека до тој ден производот е најквалитетен, деа на пример, задржува оптимална крцкавост и боја.

„Добар дек од 90 милиони тони храна колку што се фрла годишно во ЕУ, е искористливо и затоа ЕУ и државите-членки имаат морална и политичка обврска да преземат мерки тоа да се намали.

Дури и да нема редови пред народните кујни и фактот дека речиси четвртина од граѓаните се во ризик од соримаштија, станува збор за огромни количини храна во чие производство се потрошени ресурси како вода, земја, гориво и работни часови“, заклучиле Борзан.