Зошто сме поспани после јадење?

0
395

За да разберете зошто после обилно јадење задолжително ве фаќа дремка, мора да знаете што се случува во вашиот систем за варење во текот на оброкот.

Додека ја џвакате храната, вашиот стомак создава гастрин, хормон кој го поттикнува производството на сокови за варење кои ја разградуваат храната. Таа храна потоа оди во тенкото црево додека цревата ослободуваат ентерогастрон, хормон за регулирање на крвотокот.

Во меѓувреме вашиот панкреас ослободува инсулин, за да му помогне на вашиот стомак да ја апсорбира глукозата од јаглените хидрати од оброкот.

Истовремено, инсулинот испраќа различни амино-киселини во вашиот мозок, вклучувајќи ја и озлогласената хемикалија триптофан, која поттикнува поспаност.

Можеби сте забележале дека поспаност не се случува после секој оброк.

Постојат неколку причини за тоа: високото ниво на јаглени хидрати предизвикува скок на инсулинот, што значи дека во вашиот мозок ќе влезе повеќе триптофан. Кога ќе се случи тоа, триптофанот се претвара во серотонин, заради што се чувствувате добро, а потоа во мелатонин, заради што се чувствувате поспано.

Глукозата од јагленитехидрати исто така може да ги блокира мозочните клетки наречени орексин неурони, кои се одговорни за одржување на будноста. Треба да се напомене дека оброците со висока содржина на протеини немаат ист ефект, затоа што протеините имаат тенденција да поттикнуваат ослободување на стимулативни амино-киселини.

Поспаноста после оброкот е понекогаш неизбежна, но постојат неколку начини да ги намалите шансите за дремка после јадење. Јадете полека, за хормоните во вашето тело да имаат време да се избалансираат. Исто така, уверете се дека јадете избалансиран оброк без премногу скроб, масти, но со доволно зеленчук и витамини.

Фото: Pixabay