Зошто треба да се јаде сезонско овошје и зеленчук?

0
563

За вештачкото одгледување на намирници се потребни големи количини хемиски материи кои ги загрозуваат билките, но и вашето здравје. Иронично е, но вистинито, дека некои видови на овошје и зеленчук се најскапи во периодот кога се најмалку здрави.

За да јадете здраво, да уживате во секоја намирница и да заштедите, ви составивме список од намирници кои се највкусни, најефтини и најздрави во април и рецепти кои можете да ги испробате ако ви недостасуваат идеи.

Најдобар зеленчук

Тиквички

Содржат малку заситени масти, холестерол и сол. Добар извор на диетални влакна, протеини, витамини A, C, B6, фолна киселина, железо, магнезиум, фосфор, цинк и манган. Тиквицата е вкусна и можете да ја подготвувате на разни начини.

Млад кромид

Содржи малку заситени масти и холестерол. Добар извор на тиамин, рибофлавин, магнезиум и фосфор. Одличен извор е на диетални влакна, витамини A, C, K, фолна кислеина, калциум, железо, калиум и манган. Пробајте обична кајгана со младо кромитче и тиквички.

Зелена салата

Зелената салата содржи малку сол, заситени масни киселини и холестерол. ДОбар извор е на тиамин, витамин B6, железо и калиум. Одличен извор на диетални влакна, витамини A, C, K, фолна кислеина и манган.

Таа е вкусна сама по себе, а ако сакате да го збогатите нејзиниот вкус испробајте тортилји од моркови, домати и зелена салата.

Најдобро овошје

Киви

Содржи малку заситени масти, сол и холестерол. Добар извор на диетални влакна, витамини Е и калиум.Одличен извор на витамини C и K. Кивито одлично оди со бројни намирници.

Манго

Содржи малку заситени масти и холестерол. Добар извор на диетални влакна и витамин B6, a одличен извор на витамини A и C. Мангото е одличен додаток на овошните салати, но не мора да се ограничите само на тоа.

Направете освежителен колач со манго и лимета.

Ананас

Содржи малку заситени масти и холестерол. Добар извор на диетални влакна, тиамин и витамин B6, а одличен извор на витамини Ц и на манган. Ананасот е најздрав во овој период од годината.

Испробајте овесни снегулки со ананас и брусници.

Јагоди

Содржи малку заситени масти и холестерол. Добар извор калиум и фолна киселина, а одличен извор на диетални влакна, витамин C и манган. Тие се вкусни и сами по себе, без никаква подготовка.

Банана

Содржи малку заситени масти и холестерол. Добар извор на диетални влакна, витамин C, калиум и манган и одличен извор на витамин B6. Бананите се одлични за брзо кревање на енергијата, но голем број калории доаѓаат од шеќерот.