Медитеранска супа со леќа и домати

Фото: Freepik
652

Доколку уживате во подготовката, но и во дегустација на разни видови супи и чорби, тогаш сте на вистинското место, затоа што ви најдовме совршен рецепт.

Претходно, пишувавме за сите придобивки од леќата и доматите за нашето здравје, и овој пат ги спаривме во совршено кремаста комбинација што гарантирано ќе биде рај за вашето непце.

Оваа медитеранска супа е лесна за подготовка и ви требаат околу 60 минути за да уживате во нејзините вкусови.

Еве што користевме од состојките и како го подготвивме овој вкусен ручек или лесна вечера – во зависност од тоа кога претпочитате да го јадете ова  јадење.

Состојки:

500 г леќа по ваш избор (најдобра е онаа со црвена боја)

1 поголем морков

1 голем кромид

300 г сечкани домати

Ловоров лист

Магдонос

Зачини: сол, црн пипер, црвен пипер, куркума

Приготвување:

Прво, измијте го и исечкајте го целиот зеленчук што ви е потребен за медитеранската супа. Додека го подготвувате зеленчукот, сварете ја леќата (потребни се околу 20 минути за да се зготви црвената леќа). Додадете ги во леќата и другите зеленчуци, зачинете и варете се заедно уште десетина минути на тивок оган. Пред сервирање, поросете ја медитеранската супа со свежо сечкан магдонос и по желба додадете малку згмечено лукче.