Одличен трик за одзатнување на одводот на лавабото (ВИДЕО)

Фото: Unsplash
1.074

Одзатнете го мијалникот лесно и едноставно користејќи 3 состојки кои веројатно секогаш ги имате дома за разлика од оние специјални гранули или други средства за одзатнување. Ви требаат детергент за садови, прашок за пециво и зовриена вода

Неизбежни се остатоците од храна кои остануваат по миењето на садовите, а кога ќе се спуштат по цевките на мијалникот создаваат непријатен мирис. Ако не го миете редовно, по некое време ќе се затне и водата нема да може да истекува убаво.

Не мора да се нервирате ако кога ќе се случи тоа, немате дома средство за одзатнување и секако дека не мора веднаш да викате мајстори или сами да ја одвртувате цевката. Доволни ви се 3 состојки кои сигурно секогаш ги имате дома. Ви требаат само детергент за садови, прашок за пециво и зовриена вода.
Детергентот за садови, прашокот за пециво и топла вода ќе ги исчистат цевките на мијалникот за кратко време. Најдобро е тоа да го направите пред спиење, кога мијалникот е празен и нема да се користи повторно.

Истурете детергент за садови, потоа прашок за пециво и зовриена вода во мијалникот.

Овој начин на чистење на мијалникот е исклучително популарен на социјалната мрежа TikTok и има над 5 милиони прегледи.

Погледнете го и вие видеото.