Ако неодамна сте пиеле антибиотици, ова е најдобриот рецепт за обновување на цревната флора

Фото: Unsplash
464

Имајќи предвид дека до 70% од имунитетот доаѓа од цревата, важно е да знаеме што можеме да направиме за да овозможиме нормално функционирање на цревната флора.

Најновите истражувања покажуваат дека по само еднa курa на лекување со антибиотици, на цревната флора ѝ се потребни и до две години да се опорави. Лошата исхрана, токсините во водата и храната им отежнуваат на добрите бактерии да си ја завршат работата. Имајќи предвид дека до 70% од имунитетот доаѓа од цревата, важно е да знаеме што можеме да направиме за да овозможиме нормално функционирање на цревната флора.

Еден од највкусните и најлесните рецепти за подготовка е секој ден да јадете сос од јаболка. Секако, за ова е препорачливо да имате органски јаболки или да ги измиете добро. Имено, кората од јаболко е богата со пектин, кој служи како храна за здрави бактерии. Ова е потврда на народната поговорка дека јаболко на ден го држи докторот подалеку.

Земете две јаболка, исечете ги на коцки заедно со кората, покријте ги со вода и варете на тивок оган 10 минути. По желба додадете цимет и суво грозје.

Доколку имате изразени здравствени проблеми, се препорачува да јадете сос од јаболка 14 дена, два пати на ден. После тоа, доволно е само еднаш дневно.