Брзо, вкусно, здраво: Модар патлиџан во рерна

383

Модриот патлиџан се вбројува во здравите намирници кои имаат ниска калорична вредност, богат е со растителни влакна и антиоксиданти, а е одличeн за здравјето на целиот организам. Еве како да го подготвите како главен оброк

Она по што е многу познат е неговата состојка насунин, која може да влијае на спречување на кардиоваскуларни заболувања, како и на спречување на карцином. Веганската кујна го препознава како одлична алтернатива за месото затоа што е добар извор на протеини.

Модриот патлиџан се вбројува во здравите намирници кои имаат ниска калорична вредност, богат е со растителни влакна и антиоксиданти, а е одличeн за здравјето на целиот организам.

Сезоната кога е најдобро да се консумира е токму сега, а ќе го имаме дури и во октомври кога е време да си замрзнеме малку и за во зима. Односно, сезоната му е помеѓу август и октомври. Веганската кујна го препознава како одлична алтернатива за месото затоа што е добар извор на протеини.

Нашиот рецепт е многу едноставен, а за да го направите ви треба најмногу половина час.

Измијте ги доматите и исечете ги на половини. Не ги лупете. Направете засеци вдолж и попреку во форма на квадратчиња и посолете.

Ставете ги да се печат во загреана рерна. Кога ќе омекнат извадете ги, згмнечете ги со вилушка и ставете здробено лукче, сирење, парчиња домат и прелијте со маслиново масло. Вратете ги во рерна уште 5-10 минути, украсете со босилек и ете ви ручек. А еве зошто е добро да ги имате што почесто на менито:

Помага да се изгубат килограмите

Модриот патлиџан содржи голем процент на вода и е нискокалорична храна. Овие карактеристики го прават идеална намирница за луѓето кои се на диета и кои сакаат да изгубат тежина.

Одличен е за здравјето на срцето

Модриот патлиџан е исклучително корисен за здравјето на срцето. Со неговото консумирање, можеме да го намалиме нивото на лош холестерол во крвта, да го подобриме здравјето на sидовите на артериите и да ги опуштиме напнатите крвни садови.

Помага за здравјето на мозокот

Високата содржина на фитонутриенти во модриот патлиџан помага на здравјето на мозокот со тоа што го штити од слободни радикали и други штетни влијанија. Исто така, содржи комплекс на витамини Б, кои ја ублажуваат физичката и менталната вознемиреност. Затоа е подобро да се јаде модар патлиџан во што е можно поприродна форма, со минимална термичка обработка.

Сепак, бидејќи содржи соланин, кој го штити растението од штетници, но е отровен за човекот, мора да се обработи на некој начин, секако, минимално. Исто така, соланинот е одговорен и горчливиот вкус, а се верува дека дозата од 200 мг може да предизвика труење. Кога е неутрализирана во цревата, таа престанува да биде токсична. Од друга страна, токму заради горчливиот вкус, модриот патлиџан има ефект на ублажување на грчеви во стомакот и слични проблеми со дигестивниот систем.

Има малку калории

Ако обрнувате внимание на внесот на калории, можете да јадете модар патлиџан без никакви грижи. Во 100 грама свеж модар патлиџан има само 24 калории, додека варен има 35, што е исклучително малку со оглед на неговата хранлива вредност.

Тој е богат извор на калиум

Калиумот е од суштинско значење за одржување на здрав крвен притисок и помага во спречување на заболување на непцата. Тој е клучна компонента во борбата против воспаленија на непцата и артериите.

Има висок процент на ГАБА аминокиселини

ГАБА (гама-аминобутерна киселина) е аминокиселина која ја намалува вознемиреноста, го подобрува спиењето и ги забавува мислите.

Го намалува ризикот од рак

Она по што модриот патлиџан е многу познат е антиоксиданс насунин, кој ги штити нашите клетки од уништување и кој ги штити нашите клетки од уништување, тој е собирач на слободни радикали и влијае на излачувањето на вишокот железо од телото. Токму овој антиоксидант може да влијае на спречување на кардиоваскуларни заболувања, како и на карцином.

Им помага на луѓето со дијабетес тип 2

Модриот патлиџан содржи голема количина на растителни влакна кои го намалуваат нивото на гликоза во крвта, што придонесува за здравјето на дијабетичарите.

Помага при запек

Овој зеленчук е идеален против опстипацијаили запек поради големата количина на растителни влакна. Влакната од зеленчук ги чистат цревата од токсините и го стимулираат редовното варење.