Вечерајте и стопете ги мастите

Фото: Pexels
382

Наместо вообичаениот совет да ја прескокнете вечерата и да си легнете со празен стомак, ние ви нудиме совршен предлог за ајурведска вечера која ги топи мастите, ги чисти цревата и го подобрува метаболизмот

Ајурведата смета дека последниот оброк во денот треба да биде лесен и полн со хранливи
материи.
Главна состојка на оваа вечера е чиа семето. Тоа е одличен додаток на исхраната бидејќи е богато со
омега-3 и омега-6 масни киселини, влакна, антиоксиданти, протеини, манган, магнезиум, фосфор
и калциум. Сосема доволно причини за да стане омилен додаток во нашата исхрана.

Состојки:


4 лажици чиа семе
2 банани
250 мл вода
250 мл млеко /може и билно/
лажица мед
малку цимет и кардамом

Приготвување:

Се пасираат бананите со вилушка и се додаваат сите состојки. Се промешува и се
остава малку да отстои. Чиа семињата ќе набабрат и ќе се „згуснат“, правејќи
одличен пудинг крем кој ќе ни ја подигне енергијата, топејќи ги мастите, чистејќи ги цревата и
подобрувајќи го метаболизмот во целост.

Здраво и вкусно.