Вистина или мит: Дали морковите навистина го подобруваат видот?

Фото: Pexels
211

Витаминот А што го содржи морковот му помага на окото да ја претвори светлината во сигнал што се испраќа до мозокот, што ви овозможува подобро да гледате при слаба осветленост

Кога зборуваме за тоа која храна е најдобра за видот, многу луѓе прво помислуваат на моркови.

Џоел Х.Мекгејн, експерт кој се занимава со различни проблеми со видот. објасниl дали морковите го подобруваат видот.

Морковите се богати со бета-каротин, кој телото го користи за производство на витамин А. Добaр е за намалување на нивото на холестерол и за подобрување на видот.

Витаминот А што го содржи морковот му помага на окото да ја претвори светлината во сигнал што се испраќа до мозокот, што ви овозможува подобро да гледате при слаба осветленост.

Ако некое лице е со оштетен вид или има некакви проблеми со очите, веднаш треба да посети специјалист заради правилна дијагноза и лекување.

Според студиите, сè уште не е јасно колку моркови треба да се јадат за да се подобри видот. Повеќето истражувања се фокусирани на бета-каротенот или додатоци на витамин А, но не конкретно на моркови.

Контролна студија од 2005. година споредувала различни намирници богати со витамин А кои можат да помогнат при ноќното слепило кај бремени жени. Резултатите покажало дека редовното јадење моркови, околу 127 грама шест дена во неделата, може да помогне.

Од друга страна, некои студии сугерираат дека бета-каротенот не се претвора во витамин А и дека луѓето треба да земаат само суплементи. Покрај тоа, ако јадете премногу моркови, тоа нема да ви го подобри видот, се наведува во студиите. Кога имате доволно бета-каротин во вашето тело, тој нема да се претвори во витамин А. Телото природно реагира на прекумерно производство на витамин А за да спречи акумулација на материи до токсично ниво.

Бидејќи не постојат јасни индикации дека морковите го подобруваат видот, Мекгејн советува да ги јадете колку што сакате, но умерено, исто како и сè друго. За добар вид во исхраната вклучете и зелен, лиснат зеленчук богат со лутеин и зеаксантин, како што се спанаќот и кељот.