Го намалува холестеролот, го продолжува животот: 4 причини зошто треба да јадете путер од кикиритки

Фото: Unsplash
551

Не содржи холестерол, а полн е со минерали и витамини, го намалува ризикот од дијабетес тип 2, поволно делува на притисокот и на долговечноста

Путерот од кикиритки е дел од секојдневната исхрана на луѓето ширум светот.

Кај нас е одамна популарен, особено кај помладата популација, а нутриционистите често го препорачуваат како дел од појадокот или вечерата со препечено лепче или со сиров зеленчук како стапчиња од морков, целер, келераба или пиперки.

Доколку досега не сте го вклучиле путерот од кикиритки во вашата исхрана, еве четири причини зошто треба да го направите тоа.

Изобилство на минерали и витамини, без холестерол

Само две лажици путер од кикирики содржат околу шест грама јаглени хидрати и осум грама протеини. 30 грама месо содржи иста количина на протеини.

Во исто време, путерот од кикиритки содржи значителни количини на витамин Е, ниацин, магнезиум, фосфор и витамин Б6.

Оваа храна не содржи холестерол, што ја прави погодна за луѓе кои се обидуваат да го намалат нивото на холестерол во организмот, а во исто време да јадат вкусна храна.

Го намалува ризикот од развој на дијабетес тип 2
Путерот од кикиритки ги содржи истите масти како маслиновото масло, не ја зголемува чувствителноста на инсулин и придонесува за подобра контрола на гликемијата. Магнезиумот содржан во оваа храна исто така игра значајна улога во спречувањето на зголемениот ризик од развој на дијабетес тип 2.

Поволно делува на крвниот притисок
Храната богата со здрави масти поволно делува на крвниот притисок. Студијата објавена во американскиот весник за клиничка исхрана покажува дека консумирањето 40 грама путер од кикиритки дневно, што е приближно три лажици, помага во намалување на дијастолниот крвен притисок кај пациенти со дијагноза хипертензија и намалување на вкупниот холестерол и триглицериди кај пациентите кои имаат покачени масти во крвта.

Храна за долговечност
Путерот од кикиритки е богат со биоактивни состојки со силни антиоксидантни ефекти, вклучувајќи ресвератрол, флавоноиди и коензим Q10. Учествуваат во заштитата од болести и се сметаат за елементи кои благотворно делуваат на долговечноста,