Дали е здраво да се јадат течни жолчки?

Фото: Unsplash
399

Постои еден голем ризик од консумирање течни жолчки, а тоа е салмонела. Тоа е бактерија која може да навлезе во храната или водата, а кога ќе влезе, може да предизвика секакви непријатни несакани ефекти како дијареа, грозница, а во некои случаи и потешки симптоми. Салмонелата е многу почеста во сировата или недоволно зготвена храна отколку во состојките на готвените оброци.

Жолчките од јајце во течна форма се дел од многу омилени утрински оброци. Можеме да ги вкусиме во вид на јајца на око, поширани јајца и ровко варени јајца. Сепак, дали е безбедно да се консумира вака многу малку термички обработена жолчка? Еве што имаат да кажат нутриционистите…

Ризици од конзумирање на течна жолчка

Постои еден голем ризик од консумирање течни жолчки, а тоа е салмонела, бактерија која може да навлезе во храната или водата, а кога ќе влезе, може да предизвика секакви непријатни несакани ефекти како дијареа, грозница, а во некои случаи и потешки симптоми. Салмонелата е многу почеста во сировата или недоволно зготвена храна отколку во состојките на готвените оброци.

Центрите за контрола и превенција на болести велат дека секоја храна од животинско потекло – како јајца, живина, говедско месо и риба – „има шанси да биде контаминирана со салмонела“, објаснува нутриционистката Аманда Холцер.

Кога течната жолчка е премногу течна?

Крајното прашање во дилемата околу течната жолчка е колку течно е премногу течно? „Еве едно добро правило за здрави возрасни луѓе – кога пржите јајца, пржете ги најмалку две до три минути“, вели Аманда Холцер, додавајќи: „Кога ќе ја затресете тавата, белките не треба да се нишаат и не треба да останат белки што личат на желе. Жолчките или воопшто не треба да се тресат, или, ако сакате да бидат течни, може малку да се помрднат“.

Ако имате термометар, проверете дали јајцето е доволно сварено на температура од 62 до 70 Целзиусови степени.

Постојат и други чекори што можете да ги преземете за да го направите побезбедно консумирањето течни жолчки.

„Правилното чување на јајцата може да го намали ризикот од инфекција“, вели Аманда Холцер, додавајќи: „Чувајте ги јајцата во фрижидер. Кога варите јајца, не ја оставајте кутијата на работната површина долго време. Како што се зголемува температурата на јајцата, се зголемуваат шансите за размножување на бактериите“.

Покрај тоа, ако сакате да јадете течна жолчка, најдобро е да купите пастеризирани јајца. „Ова значи дека пред да се пакуваат јајцата, тие биле малку загреани до точка што ги убива сите опасни бактерии“, вели Аманда Холцер. Процесот на пастеризација, истакна таа, не го вари јајцето.

Важно е да се отфрлат јајцата со испукани или скршени лушпи, изјави нутриционистката. Ако добиете јајца од фарма, проверете дали лушпите се добро измиени пред да почнете да ги спремате. Конечно, измијте ги рацете пред и по ракување со сирови јајца за да спречите потенцијално ширење на бактерии.

Кој НЕ треба да јаде течни жолчки?


И покрај ризиците, повеќето здрави луѓе не треба да се грижат премногу околу консумирањето на жолчки во течна форма. „Иако постои поголем ризик од болести кои се пренесуваат преку храна, жолчките обично се безбедни за јадење“, истакнла регистрираниот диететичар Кајлен Богден. „Единствените луѓе кои треба да се воздржат од консумирање жолчки се бремените жени, децата на возраст под 5 години и оние со компромитиран имунолошки систем“, додава таа.

Во принцип, сѐ додека не сте имунокомпромитирани, можете да уживате во течна жолчк. Само погрижете се да ги преземете сите мерки на претпазливост.