Дали сте од оние среќници кои се алергични на чиа семе?

Фото: Unsplash
409

Иако чиа семето во последно време станува сѐ попопуларно, особено меѓу љубителите на здравата храна, според експертите, тоа сепак има неколку несакани ефекти заради кои не треба да се консумира секојдневно.

За здравствените придобивки од чиа семето често се пишува, но можеби е помалку познато дека тоа има неколку несакани ефекти заради кои не треба да се консумира секојдневно. Имено, чЧиа семето е богато со омега 3 масни киселини познати како алфа линоленска киселина, а некои истражувања ја поврзуваат оваа киселина со рак на простата.

Исто така, некои луѓе можат да бидат алергични на ова семе дури и без да го сфатат тоа и иако тие се ретки, симптомите вклучуваат чешање, оток, повраќање и дијареа.

Луѓето кои страдаат од воспалителна болест на цревата треба да избегнуваат чиа семе во широк лак бидејќи е богато со влакна кои можат да предизвикаат абдоминална болка, надуеност и запек.

Во исто време, луѓето кои земаат лекови за регулирање на шеќерот во крвта треба да внимаваат на внесувањето на ова семе бидејќи истражувањата покажуваат дека тоа може да го намали нивото на шеќер во крвта.