Домашна мешавина од само 3 состојки ги чисти дишните патишта

Фото: Pixabay
368

Овој одличен рецепт за домашна смеса од мед, ѓумбир и рен која е во состојба да ги ублажи респираторните проблеми го смислила нутриционистката и фитотерапевтка Верица Тодоровиќ.

Нутриционистката Верица Тодоровиќ открила рецепт од три состојки од кои се прави домашна смеса која ги чисти дишните патишта. За да ја направите оваа мешавина потребни ви се рен, ѓумбир и мед, три состојки за кои не се знае која е од која поздрава!

Состојки:

250-300 милилитри мед
половина шолја рендан рен
половина шолја рендан ѓумбир

„Ренот е добар за респираторниот тракт, уништува одредени патогени бактерии, добар е за синусите. Исто така, комбинацијата од рен и ѓумбир е одличен имуностимулатор, ги чисти клетките, сите органи, а знаеме и какви својства има медот. Ги мешаме состојките и ги оставаме два-три дена, но што е добро – не ја затворајте теглата со пластичен капак, туку ставете газа, нека дише и нека биде во фрижидер. После тоа може да се користи, а можат да ја користат мешавината и децата“, вели нутриционистката.

Таа додава дека возрасните треба превентивно да земаат по две лажички дневно, една наутро, една подоцна во текот на денот.

Што се однесува до децата, советува да им се дава по половина лажичка, во зависност од возраста и тежината, до два пати на ден, со вода.

Може да биде и во млака, зовриена вода“, додава нутриционистката.