Древен јапонски тоник за регенерација на коските и лекување на зглобовите

Фото: Unsplash
555

Овој древен домашен лек што го користеле Јапонците ќе ве ослободи од сите болки во коските и зглобовите.

Болките во коските и зглобовите не се нешто што некој сака да го трпи секојдневно, но некои луѓе се принудени на тоа. Лековите против болки можеби повеќе и не помагаат, а се штетни за остатокот од организмот. Овој древен домашен лек што го користеле Јапонците ќе ве ослободи од сите болки во коските и зглобовите.

Постојат многу домашни лекови кои се користеле илјадници години пред нас. Самураите сметале дека тоникот од оцет и јајца е важен извор на сила и моќ. Со овој начин на консумирање на овие состојки, во организмот се апсорбираат повеќе протеини, калциум и витамини од јајцето. Една лушпа од јајце содржи 1800 мг елементарен калциум, а на човечкото тело му се потребни 400 мг. Жолчката од јајце обезбедува витамин Д. Јапонците веруваа дека овој тоник поттикнува долг и здрав живот.

Приготвување:

Земете едно јајце со средна големина и ставете го во 150 мл јаболков оцет.

Оставете го јајцето да отстои во оцет една недела додека лушпата целосно не се раствори.

По седум дена кога лушпата ќе се раствори, отстранете ја тенката мембрана што се формирала и вратете го јајцето во оцет на некое време.

Во чаша млака вода разредете 3 мл од смесата и пијте ја 3 пати на ден за да ја ублажите болката.