Жабуркај, па плукни

Фото: Pexels
309

На овој начин собирате штетни токсини, микроорганизми, вируси и слично кои не можат да растат и да се развијат натопени во масло. Но, оваа процедура не го третира само пределот на устата.

Гандуша и Кавала се ајурведски терапии со гаргара и жабуркање. На прв поглед, можеби непријатни, тие се многу едноставни, но и толку корисни за нашето здравје што некои стари ајурведски текстови предлагаат да ги правиме секој ден.

Доколку сте здрави, за краток период е можно да ја правите оваа техника сами и со употреба на неутрално масло. Меѓутоа, во случај на какви било нарушувања, односно болести, техниките на Гандуша и Кавала се сугерираат и одредуваат од едуцирани луѓе кои ви пропишуваат со што и како да ги правите.

Гандуша и Кавала се разликуваат по количината на земената супстанција и начинот на кој ја изведуваме процедурата. Гандуша е процедура каде што задржуваме поголемо количество масло во устата и токму поради оваа количина не правиме гаргара бидејќи тоа е невозможно, туку ја задржуваме содржината со полнење на целата усна шуплина, а потоа ја плукаме содржината. Кавала е земање на помало количество содржини, што поради тоа го овозможува процесот на жабуркање и гаргара.

Пробајте сами
Изберете неутрално, масло од сусам или сончоглед. Земете една лажица масло и полека жабуркајте 5-20 минути додека не почувствувате потреба да ја исфрлите содржината од устата. Потоа исплукајте ја содржината. Исплуканото масло треба да има млечно бела боја. Исплакнете ја устата со млака вода и измијте ги забите.

Постапката е најдобро да се прави наутро, односно во време на рана утринска хигиена, која вклучува различни процедури за чистење/подмачкување кои ќе ги советува терапевтот според вашите потреби. Не ја голтајте содржината бидејќи е полна со токсини. Доколку имате потреба, испијте чаша млака вода по постапката.

Објаснување:

Маслото ја подмачкува внатрешната обвивка на устата/усната шуплина. Маслото преку процесот на селективно растворање го отстранува токсичниот отпад од устата. На овој начин собирате штетни токсини, микроорганизми, вируси и слично кои не можат да растат и да се развијат натопени во масло. Но, оваа процедура не го третира само пределот на устата. Ајурведата објаснува дека јазикот е копија на сите наши органи. Поврзан со нашиот дигестивен тракт, го поврзува целото наше тело. Со оваа процедура, значи, ги активираме сите витални органи и го подобруваме нивното функционирање.

Придобивките од оваа постапка се следните:
ги исфрла токсините од телото
делува на очите, носот, устата, ушите
го регулира варењето
носи чувство на свежина
ги подобрува когнитивните способности, бистриот ум
ја подобрува работата на нашите сетила