Зачинот кардамом помага при слабеење, намалување на крвниот притисок и отстранување на токсините од телото

Фото: Unsplash
493

Третиот најскап зачин на светот е најприсутен во индиската кујна, но се употребува и водругиот дел од светот, па така на пример, Швеѓаните го ставаат во пудинг од јаболка, а Норвежаните во хамбургери и колбаси. Во служба на здравјето може да се користи за различни намени

Кардамомот припаѓа во семејството на ѓумбирот, а денес е најприсутен во индиската кујна. Во Индија се става во чај со млеко и во топло чоколадо, а го мешаат и со кари. Но, многу брзо се рашири низ целиот свет: Швеѓаните го ставаат во пудинг од јаболка, а Норвежаните во хамбургери и колбаси!Можете да го користите за различни намени, бидејќи е одличен за вашето здравје.

Ајурведската медицина го користи за лекување на астма. Има лековити својства за респираторни нарушувања и алергии.

Корисно е во случаи на чир, пречки со варењето и депресија. Овој зачин со вкус на лимон е предмет на истражувања, кои покажуваат дека кардамомот е вреден додаток во секојдневната исхрана.

Се смета за диуретик, што го прави корисен за проблеми со уринарниот тракт и за чистење на бубрезите од калциум и мокрачна киселина. Помага и при слабеење, намалување на крвниот притисок и отстранување на токсините од телото.

Како и неговите роднини куркума и ѓумбир, има антиинфламаторни својства и ја ублажува болката и отоците, особено во устата и грлото.

Кардамомот содржи витамин Ц, витамин Б6, тиамин, рибофлавин, ниацин, а од минералите можеме посебно да ги наведеме калциумот, магнезиумот, фосфорот, железото, цинкот, бакарот и манганот. Старите Египќани џвакале семки од кардамом и на тој начин ги чистеле забите. Полн е со есенцијални масла со антиоксидантни својства.

Се додава во солените и во слатките јадења во кујната. На Блискиот Исток се користи за подготовка на колачи и десерти и за разблажување на вкусот на силното кафе, а се додава и во чајот бидејќи го поттикнува варењето. Добро оди и со овошје (на пр. со варени круши или со печени јаболка), а ако го имате како прашок можете да го додадете во овошна салата, ќе бидете воодушевени од богатиот вкус. Со него можете да зачините и ориз басмати, булгур или просо, а не заборавајте да го пиете понекогаш и во вид на чај.

Ајурведскиот чај од кардамом се прави од 1/2 лажичка кардамом во прав, 3 зрна црн пипер, 2 каранфилчиња и едно мало стапче цимет. Сварете една шолја вода и кога водата ќе зоврие, додадете ги зачините и варете 5-10 минути додека не испари половина од водата. Чајот тргнете го од оган и оставете го малку да се излади, а потоа можете да го засладите со мед или стевиа.