За здрави бели дробови јадете повеќе јаболка и круши

Фото: Unsplash
168

14.000 луѓе кои биле набљудувани од тим експерти и кои јаделе јаболка, помалку заболувале  од магарешка кашлица и од оштетување на дишните патишта, од останатите. Дури и пушачите кои редовно консумирале јаболка и круши станале поотпорни на хроничен бронхитис.

Овошјето и зеленчукот, како што е веќе добро познато, се многу здрави и го штитат организмот од многу болести. Но, јаболката и крушите имаат предност и кај хроничните белодробни заболувања, доколку се споредат со другите видови овошје, заклучија истражувачи од Националниот институт за здравје во Билтховен, Холандија.

Тие претпоставуваат дека секундарните растителни материи кои се содржани во овие плодови, катехини, би можеле да бидат одговорни за тоа. Точно 14.000 луѓе кои биле набљудувани од тим експерти и кои јаделе јаболка, помалку заболувале  од магарешка кашлица и од оштетување на дишните патишта, од останатите.
Дури и пушачите кои редовно консумирале јаболка и круши станале поотпорни на хроничен бронхитис. И некои други растителни супстанции кои се наоѓаат особено во јаболката и крушите се од голема важност. Бидејќи самите катехини, кои, на пример, ги има и во чајот и ги штитат срцето и крвните садови од болести, го немаат тој позитивен ефект врз белодробните заболувања.