Козјото млеко е лек за многу болести, а козјото сирење – замена за месо

Фото: Pixabay
836

Низ историјата на човештвото, козјото млеко се препорачува за зајакнување на имунитетот, заздравување и зајакнување на белите дробови, против туберкулоза, но и како добар сојузник во борбата со стресот. Козјото сирење пак се препорачува како најдобра можна замена за месо

Козјото млеко е една од најздравите намирници, особено кога станува збор за млечните производи. Неговата хемиска структура е неверојатно слична на мајчиното млеко. Затоа, прочитајте подолу како козјото млеко може да послужи како природен лек.

Од памтивек, козјото млеко се користи ширум планетата не само како храна, туку и како помош во лекувањето на многу болести. Содржи многу протеини богати со есенцијални аминокиселини, широк спектар на витамини и нема тешко сварливи масти. Не само што полесно се вари од кравјото млеко, туку содржи и помалку лактоза, такашто луѓето кои се чувствителни на лактоза полесно го поднесуваат. Потоа, козјото млеко, во споредба со кравјото, содржи повисоки нивоа на витамини (особено витамин Б6), минерали (особено калциум) и пониско ниво на калории.

Бидејќи е близу до совршена храна и е лесно сварливо, тоа е погодно за исхрана на бебињата веднаш по прекинувањето на доењето. Покрај тоа, козјото млеко е одлична храна за бебиња и деца и затоа што не содржи одреден вид протеини кои често предизвикувааат алергиска реакција кај децата.

Низ историјата на човештвото, козјото млеко се препорачува за зајакнување на имунитетот, заздравување и зајакнување на белите дробови, против туберкулоза.

Козјото млеко исто така може да биде добар сојузник и во борбата со стресот. Содржи витамини Б1, Б2, Б6 и Б12 и затоа го зајакнува и нервниот систем.

Народната медицина го препорачува козјото млеко за лица со чувствителен стомак. Фините честички што се наоѓаат во него генерално нема да им наштетат ниту на луѓето кои имаат проблеми со црниот дроб.

Бидејќи козите ја јадат кората на растенијата, нивното млеко е богато со силициум, а тоа е минерал кој има позитивен ефект врз кожата, косата, ноктите и нервниот систем.

И на крајот, да не заборавиме и тоа дека козјото сирење е исто така моќно природно средство за зајакнување на организмот и заштита од многу болести.

Имено козјото сирење има висока хранлива вредност, полесно се вари, има помалку калории и маснотии во споредба со другите сирења, а богато е со протеини, калциум, рибофлавин и витамин Б2. Исто така, богато е со растителни влакна кои го забрзуваат метаболизмот и помагаат да се стопат маснотиите. Особено се препорачува во бременоста, како и за спортистите и за луѓето кои се изложени на физички напор. Протеините од млечните производи од коза многу добро се апсорбираат и директно ги снабдуваат мускулите со енергија и аминокиселини, што овозможува брзо закрепнување на мускулите по тренинг или други напорни активности.

Козјото сирење се препорачува како замена за месото, како и во исхраната на децата заради изобилството на минерали, особено калциум, магнезиум и фосфор. Козјото сирење содржи триптофан, киселина позната како природен седатив. Оваа супстанца го стимулира лачењето на серотонин, познатиот хормон на среќа, па наместо други стимуланси, грицнете малку козјо сирење. Ќе го подобрите расположението, ќе ја задоволите гладта и нема да го оптоварите вашето тело со вишок маснотии.

А кога се зборува за козјо млеко и сирење, не може да не се спомене и сурутката, која е важен нуспроизвод од подготовката на сирење. Додека повеќето млечни маснотии и протеинот казеин остануваат во сирењето, најголемиот дел од лактозата, како и албумин и глобулин, остануваат во сурутката. Сурутката од коза содржи 16 видови протеини, осум минерали, седум витамини, 23 есенцијални аминокиселини, до 11 ензими и многу други супстанции неопходни за здравјето.

Фото: Pixabey