Козјо млеко – стар лек за многу болести

Фото: Unsplash
811

Козјото млеко има поголем процент на витамини А и Б од кравјото млеко. Покрај тоа, содржи многу повеќе калциум, магнезиум, фосфор и хлор. На неговиот квалитет влијаат повеќе фактори: расата, исхраната, начинот на одгледување, возраста на животното, фазата на доење, како и начинот на молзење.

Козјото млеко со векови е незаменлива состојка во човечката исхрана. Се претпоставува дека козјото млеко е и првото млеко кое се консумирало и од кое е направено првото сирење. Дури и старите Грци тврделе дека сурутката од козјо млеко е лек за многу болести.

Денес, тестовите покажале дека козјото млеко има исклучителни антиинфламаторни својства. Тоа се должи и на фактот што козите се отпорни на многу болести поради силниот имунолошки систем.

Козјото млеко има поголем процент на витамини А и Б од кравјото млеко. Покрај тоа, содржи многу повеќе калциум, магнезиум, фосфор и хлор. На неговиот квалитет влијаат повеќе фактори: расата, исхраната, начинот на одгледување, возраста на животното, фазата на доење, како и начинот на молзење.

Поради високата содржина на протеини, непротеински азот и фосфати, козјото млеко има поголем пуферски капацитет, поради што е пожелно при лекување на чир на желудникот. Во споредба со кравјото млеко, козјото млеко содржи до пет пати повеќе олигосахариди кои имаат пробиотско дејство. Утврдено е антиинфламаторното дејство на олигосахаридите при појава на колитис. Повисоката pH вредност на козјото млеко е од корист за луѓето со вишок стомачна киселина. Козјото млеко има и одредени терапевтски ефекти, особено кај луѓето алергични на кравјо млеко.

Денес полека исчезнуваат предрасудите за козјото млеко, па интересот за него секојдневно расте. За да се зачува млекото од разни мириси, потребно е козите да се чуваат одвоени од јарците и редовно да се одржува хигиената на сместувањето и молзењето.