Мраз со свежо овошје

Фото: Unsplash
120

Одамна знаеме дека можеме да си го олесниме и да го забрзаме правењето сок од цитруси. Едноставно, правиме поголема количина сок и го замрзнуваме во садови за мраз. Кога сакаме да се напиеме ставаме во бокал неколку коцки замрзнат сок и вода. Сега најдовме уште една идеја за неверојатни коцки мраз кои совршено одговараат на секој пијалак

Веќе одамна знаеме дека можеме да си го олесниме и да го забрзаме правењето лимонада или сок од портокал и грејпфрут. Едноставно, правиме поголема количина сок и го замрзнуваме во садови за мраз. Кога сакаме да се напиеме ладна лимонада ставаме неколку коцки замрзнат сок од лимон, портокал, грејпфрут или од сите по една, во бокал и додаваме вода. Истото можеме да го направиме и ако сакаме да додадеме малку цитрони во врела шолја чај. Така и побргу ќе го оладите и ќе го збогатите вкусот.
Најдовме уште една идеја за неверојатни коцки мраз кои совршено одговараат на секој пијалак.

Тие придонесуваат за уште подобар изглед и вкус на секој ваш пијалак во топлите летни денови, но се и одличен начин да ги искористите остатоците од овошјето, да ја засладите водата и да додадете малку боја.

Процесот на правење е многу едноставен, исечете го овошјето, ставете го во садови за мраз, додадете вода и замрзнете. Ако користите поголемо овошје, треба да го исечете на помали парчиња, а ако користите бобинки, пресечете го на половина или оставете ги така како што се.

Освен овошје, во мразот можете да ставите и билки како што се: маточина, жалфија, рузмарин или ливчиња од роза. Користете коцки мраз за ароматизирање на водата, во коктели, лимонади или смути.

Еве како да ги направите:

Состојки:

вода
јагоди
портокали
лимон
киви

Приготвување:

Излупете го кивито, а портокалите и лимоните, секако, откако добро ќе ги измиете, оставете ги со кората. Овошјето исечкајте го на помали парчиња. Ако користите билки, лесно притиснете ги со нож за да се ослободи нивниот вкус. Исеченото овошје ставете го во сад за коцки мраз и покријте го со вода.

Замрзнете ги на најмалку четири часа, по можност преку ноќ. Додадете мраз во вашиот омилен пијалак и уживајте.