Наместо секој петок – урда, секој ден јадете по една урма

Фото: Unsplash
877

Шега на страна, но навистина има многу причини зошто треба секој ден да се јаде барем по една урма. Освен што имаат големо влијание во лекувањето на ракот за што е заслужен селенот што го содржат, урмите содржат и лутеин и зеаксантин кои се вбројуваат во групата на каротеноиди, а кај луѓето делуваат како антиоксиданти и ја штитат ретината од можните оштетувања

Зошто треба да се јадат урми секој ден?

Урмите се особено значајни за вегетаријанците затоа што содржат некои важни материи за организмот кои не можат да се најдат лесно во намирниците од растително потекло, како што се на пример, „витамините за очи“ и селенот.

Урмите се кај нас достапни најчесто во сува форма, но има и пакувања со свежи, меки ирански урми кои ќе ве освојат на првиот залак. Сепак, без оглед на формата во која ќе ги консумирате, вашиот организам ќе ви биде благодарен за тоа.

Урмите се користат во различни делови од светот и се важен дел од исхраната во арапските земји, а мали количини се произведуваат и во Шпанија, Мексико, Јемен и Палестина.

Се верува дека урмите имаат големо влијание во лекувањето на ракот за што е заслужен селенот што го содржат. Исто така, урмите содржат и „витамини за очи“, односно, лутеин и зеаксантин кои се вбројуваат во групата на каротеноиди, а кај луѓето делуваат како антиоксиданти и ја штитат ретината од можните оштетувања предизвикани од светло.

Студијата објавена во 2007 година укажува дека е помалку веројатно дека макулата на окото ќе дегенерира како што стареат луѓето, доколку консумирале храна богата со овие материи.

Урмите содржат и фосфор кој игра важна улога како „храна за мозокот“. Од таа причина се препорачуваат во исхраната на оние кои се занимаваат со интелектуална работа. Урмите им ја даваат на мозокот и на мускулите потребната енергија, затоа што содржат природни шеќери како што се гликоза, сахароза и фруктоза. Урмите содржат и елементарен хлор кој се користи како заштита на забите од пропаѓање, а зрелата урма содржи витамини A, C, B1, B2 и ниацин, а се добар извор и на натриум, магнезиум, калциум и железо. Нивната секојдневна употреба во исхраната е одлична превенција против анемија. 100 грама урми содржат околу 10% од препорачаната дневна вредност на железо. Урмите се и здрав десерт бидејќи природниот шеќер што се наоѓа во нив е совршена алтернатива за обичниот шеќер. Лесно се варат и го намалуваат чувството на глад. Доволно е да се изедат 2 или 3 урми на ден и нема да имате потреба за чоколадо или некое друго слатко, а ќе уживате во неверојатниот вкус каков што нема ниту едно индустриско колаче.

Протеините во урмите содржат 23 видови аминокиселини од кои некои ги нема ниту во најпопуларните овошја, како што се портокалите, јаболката и бананите.