Напиток од само една житарка за 10 дена ги „разбива“ бубрежните камења

Фото: Pixabay
704

Благодарение на само една намирница, можете да се ослободите од камчињата во бубрезите во рок од 10 дена. Ви пренесуваме едноставен и евтин рецепт – просо за камен во бубрег.

Податоците покажуваат дека еден од 20 луѓе во текот на животот ќе развијат камења во бубрезите, кои можат да бидат многу болни при минување низ уринарниот тракт. Меѓутоа, благодарение на само една намирница, можете да се ослободите од камчињата во рок од 10 дена. Ви пренесуваме едноставен и евтин рецепт – просо за камен во бубрег.

Од камењата во бубрезите можете да се ослободите и по природен пат, а еден од најуспешните домашни лекови се крие во само една намирница. Станува збор за зрна просо кои уште од памтивек се користи за медицински цели и може на наједноставен начин да го реши овој непријатен проблем за само 10 дена.

Просо за камења во бубрезите

Просото е хранлива и здрава житарка која нашето тело ја сака. Што се однесува до бубрежните камења, просото делува така што ги разградува камењата, песокот и талогот во бубрезите и мочниот меур. Исто така, успешно ги чисти бубрезите од токсини.

Напиток против камен во бубрег – просо како лек за камен во бубрег

Состојки:

200 грама просо

2 литри вода

Тенџере од 3 литри

Тегла со капак

Постапка:

Навечер, пред спиење, просото исплакнете го во топла вода и оставете го да отстои преку ноќ

Наутро ставете го просото во поголемо тенџере.

Загрејте 2 литри вода да зоврие и истурете ја во тенџерето со просо.

Покријте го тенџерето и оставете го да отстои цел ден.

Вечерта или следното утро промешајте, а потоа процедете го просото, чувајте ја течноста во стаклен затворен сад.

Пијте ја течноста секој ден во период од 10 до 15 дена во неограничени количини (минимум една  чаша дневно)

Совет:

Не го фрлајте просото бидејќи е многу здраво и хранливо

Варете шолја просо и три шолји вода околу 15 минути (како гриз, овес или ориз) и појадувајте го како каша со мед и суво овошје или рендано чоколадо.

Просото е богато со магнезиум и железо, одличен извор е на протеини (100 г содржи 10 г протеини), калциум, фосфор, цинк, никел, витамин Е и витамини од Б комплексот.

Меѓу другите житарки се издвојува бидејќи е без глутен и истовремено алкален. Природната pH вредност на делови од човечкото тело е различна, но доколку падне под 7, на нашето тело му е потребна помош од храна. Се разбира, онаа што по природа е помалку кисела, односно онаа што е алкална.