Направете сируп од две состојки: Ослободете се од слузта и зајакнете го имунитетот

Фото: Unsplash
482

Ако кашлате со денови овој рецепт би можел да ви помогне да се ослободите од слузта од белите дробови и да го зајакнете имунитетот. Лекот е едноставен, а состојки се евтини и достапни.

Кашлицата е автоматски природен рефлекс кој помага за исфрлање на секрет, разни надразнувачи, туѓи честички и микроорганизми од дишните патишта. Кашлањето се состои од три фази: вдишување, издишување и автоматско ослободување на воздух (со или без секрет) од белите дробови, обично придружено со препознатлив звук.

Има многу причини за кашлица и таа може да биде предизвикана од многу состојби како што се акутни и хронични заболувања, вируси, задушување, пушење, загаден воздух и алергиски реакции.

Ако кашлате со денови и слушате благо „чкрипење“ во белите дробови, овој рецепт би можел да ви помогне да се ослободите од слузта од белите дробови и да го зајакнете имунитетот. Посебно е корисен за сузбивање на детската кашлица и враќање на имунитетот.

Состојки:

200 гр овесни снегулки

200 гр шеќер

200 мл вода

Приготвување:

Овесот измијте го и ставете го во тенџере со водата и шеќерот. Оставете ја смесата да се готви неколку минути. Најдобро е да го направите ова навечер за да ја оставите смесата да отстои преку ноќ. Наутро процедете го овесот. Ќе добиете сируп за четири до пет дена.

Земајте една мала чаша од овој сок секое утро на празен стомак. Терапијата може да потрае до 40 дена, само не ги прескокнувајте деновите.

Ако земате лекови, продолжете да ги пиете. Овие инструкции не се лек, туку помош што може да ги ублажи проблемите на некои луѓе, додека кај други можеби и нема да биде успешно.