Не ги фрлајте листовите од ротквици, полни се со витамини

Фото: Unsplash
798

Ако досега ги фрлавте листовите од ротквици и притоа секогаш имавте грижа на совест дека можеби сте можеле некако да ги искористите пред да пожолтат, еве идеја како да ги консумирате. Листовите се многу здрави, хранливи и полни со витамини.

Со доаѓањето на пролетта пазарите стануваат се побогати со омилените црвени ротквици. Тие доаѓаат во мали снопови заедно со нивните зелени листови, кои за жал повеќето луѓе ги фрлаат при чистењето. Ова е голема грешка бидејќи се тие вистински извор на лековити состојки кои имаат исклучителен ефект врз целиот организам.

Придобивките од овие пролетни намирници се исклучително големи Ротквиците се богати со витамин Ц, витамини од групата Б, фосфор и цинк и благотворно делуваат и на нашата кожа и коса, правејќи ја мека и мазна.

Одлични се за луѓе кои страдаат од запек, бидејќи влакната од ротквицата ја поттикнуваат работата на цревата. Листовите од ротквицата се особено богати со железо, па затоа се советува да ги консумираат анемични лица.

Сепак, сигурно се прашувате што да правите со листовите од ротквица и тие да бидат вкусни и примамливи. Многумина го отстрануваат ова зелено богатство од врвот на ротквицата и го фрлаат во ѓубре, што е сосема погрешно.

Откако убаво ќе ги измиете листовите под млаз вода, можете да ги користите во разни утрински свежо цедени и блендирани сокови, разни мешани салати или да направите кајгана со листови од ротквица и додавање на некој друг зеленчук. Во соковите се одлична комбинација со јаболко, лимон, ѓумбир и мед, додека за салата ќе ви треба уште некоја лисната салата за да направите добар микс.

Прочитајте го рецептот за крем супа од листови од ротквица подолу.

Состојки:

3 поголеми снопови лисја од ротквица
1 кромид
коцка путер
4 поголеми компири
250 мл јогурт
сол, црн пипер

Приготвување:

Кромидот ситно се сечка, па се става во тенџере и се пропржува на путер. Додадете ги исечканите и измиени листови ротквица и динстајте со малку вода, уште две минути додека не омекнат. Компирите исечкајте ги на коцки, додадете ги во тенџерето и прелијте ги со вода. Кога ќе се сварат компирите, сето тоа измешајте го во блендер или со миксер, додадете го јогуртот, вратете ја супата во тенџерето, оставете да зоврие, исклучете го огнот и зачинете по вкус.