Пушачи, еве како да ги зачистите белите дробови

Фото: Unsplash
539

Дознајте кои намирници се добри за здравјето на белите дробови и кои од нив ги чистат од токсините што се последица од пушењето.

Пушачите и поранешните пушачи последните години почнаа да се грижат за своите бели дробови и генерално, за здравјето. Почнуваат сè повеќе да консумираат намирници кои алкално делуваат на организмот што дава многу здравствени предности. Дознајте кои намирници се добри за здравјето на белите дробови и кои од нив ги чистат од токсините што се последица од пушењето.

Грејпфрут

Еден до четири грејпфрути неделно го намалува ризикот од рак на системот за дишење.

Бразилски оревчиња

Богати се со селен и витамин Е кои помагаат за намалување на ризикот од рак на белите дробови.

Кромид

Антиоксидантите присутни во кромидот ги чистат белите дробови од токсините предизвикани од пушењето.

Вода

8 чаши вода го хидратизираат телото и овозможуваат правилно функционирање на белите дробови и на другите делови од телото.

Сок од моркови

Можете да ја алкализирате крвта со помош на 300 мл сок од моркови. Пијте го секој ден како меѓуоброк.

Ѓумбир

Содржи антиоксиданти кои ги чистат белите дробови од токсините предизвикани од пушењето.

Растителен чај

Токсините наталожени со пушењето можете да ги исфрлите со помош на растителен чај.

Сок од брусница

Пред да си легнете напијте се 400 мл сок од брусници кои помагаат во борбата против бактериите во белите дробови кои предизвикуваат инфекција.

Сок од ананас

Консумирајте 300 мл свеж сок од ананас секој ден затоа што ананасот содржи природни антиоксиданти кои се корисни за системот за дишење.

Топла вода со лимон

Исцедете два лимона во тола вода и испијте ги пред појадок.