Само една лажица мед на ден за здравје од глава до пети

Фото: Pixabay
223

Луѓето кои мислат на себе и на своето здравје, можат многу лесно да придонесат за да го зајакнат организмот, да си го подобрат расположението, па дури и да си ја подобрат состојбата на кожата – доволно е да земат само една лажица мед на ден.

Многу истражувања покажале дека со само 1 лажица мед на ден може да го подобрите здравјето на својот организам, од глава до пети.

Такашто, изгледа дека вечната потрага по некој волшебен природен лек кој ќе ни ја направи кожата поубава, организмот посилен, расположението подобро, пак завршува на истото место – кај медот.

А еве какви здравствени придобивки ќе имате со една лажица мед на ден.

Слабеење

Ако внимавате на тежината, според лекарската препорака не би смееле да внесувате никакви видови на шеќери освен мед. Тоа е затоа што шеќерот во медот е со поинаков состав од различните засладувачи. Исто така, медот го забрзува организмот, а тоа го помага слабеењето.

Намалување на нивото на лошиот холестерол

Медот воопшто не содржи холестерол. Токму спротивното, неговите составни компоненти и витамини придонесуваат за намалување на нивото на холестерол. Со дневна консумација се зголемува и нивото на антиоксиданси во телото, кои исто помагаат за намалување на холестеролот.

Посилно срце

Истражувањата покажале дека антиоксидантите од медот можат да го спречат стеснувањето на крвните жили, што инаку предизвикува застој на срцето, дезориентација и главоболки.

Чаша вода со 1-2 лажици мед дневно ќе помогнат за овој проблем.

Подобра меморија

Други истражувања покажале дека медот помага за ослободување од стресот, за јакнење на имунитетот и за подобрување на помнењето. Освен тоа, мозокот многу лесно го апсорбира калциумот од медот кој ја помага неговата функција.

Помирен сон

Шеќерот во медот го зголемува нивото на инсулин во крвта, кој потоа ослободува серотонин, кој пак се претвара во меатонин, хормон заслужен за квалитетен сон.

Здраво варење

Медот е силен антисептик, па се препорачува да се зема на празен желудник, и тоа една лажица. Овој едноставен ритуал помага да се спречат сите болести поврзани со системот за варење. Освен тоа, додека минува низ желудникот, медот ги уништува сите бактерии и лекува помали рани во слузницата.

Лекува напнатост

Медот помага за смирување на нервите и отстранување на заморот. Глукозата од медот е есенцијална за работата на невроните, брзо се апсорбира во крвта, а тоа резултира со опуштање и со ублажжување на психолошките пореметувања.

Чиста кожа

Медот е одличен антиоксиданс, што значи дека со негова редовна консумација ќе го исчистиме телото од разни токсини.

Исто така, неговите антибактериски својства ќе ѝ помогнат на состојбата на  вашата кожа.

Совет плус:

Фитотерапевтите истакнуваат дека лековитите својства на билките се поттикнуваат со употреба на медот. Тие препорачуваат билните чаеви да се заблажуваат со мед затоа што така делуваат како биокатализатор и го засилува позитивното дејствување на биогените фитокомпоненти.

Фото: Pixabey