Три грешки заради кои се расипува зимницата

Фото: Unsplash
284

Во останатиот дел од текстот дознајте како да го спречите расипувањето на зимницата во која сте вложиле толку труд и љубов.

Многу домаќинки веќе почнаа да приготвуваат зимница по стари проверени рецепти. Сепак, колку и да сте искусни, понекогаш се случува да не успеете и целиот ваш напор да заврши во отпад, поради навидум мали и неважни грешки. Но најчесто токму тие се најчестите грешки кои доведуваат до расипување на зимницата уште пред да дојде време за консумирање.

Неправилно стерилизирани тегли

Доколку теглите се слабо или недоволно стерилизирани, во нив може да останат бактерии и разни штетни микроорганизми, што ќе доведат до ферментација на овошјето и зеленчукот. За да се избегне ризикот од оваа појава, важно е стерилизацијата да се изврши правилно. Добро измиените тегли и капаци наредете ги во плех и ставете ги во рерна загреана на 180 степени околу 15-20 минути. Погрижете се и добро да ја затворите зимницата, односно добро да ги зацврстите капаците за да не влезе воздух.

Употреба на презреано овошје и зеленчук

Презреаното овошје и зеленчук многу побрзо можат да се распаднат и да се расипат, дури и кога користите конзерванси. Иако повеќето луѓе мислат дека поради позрелите плодови, зимницата ќе биде послатка и повкусна, ова е голема грешка. Изберете цврсти плодови, на кои не им е оштетена површината ниту имаат точки што укажуваат на скоро пропаѓање.

Лошо место за чување

За да може зимницата да трае долго, мора да се чува на место каде што нема провев, влага, топлина и не е директно изложена на сончева светлина. Сето тоа се фактори кои влијаат на забрзаната ферментација на овошјето и зеленчукот во теглата и нивното побрзо расипување.