Ако билките ви венеат, нахранете ги! Направете домашно ѓубриво од состојки кои сите ги фрлаат, достапни се и евтини

Фото: Pexels
265

Уште кога бевме деца, мајка ми не учеше да ги фрламе корите од банана во градината. Исто и лушпите од јајца. Ништо полесно од ова, а ефектот ќе ве воодушеви!

Ако вашите билки ви венеат, а не знаете во што е проблемот, имаме едноставен рецепт како да ги опоравите. И ова не е некоја нова измислица. Напротив, уште кога бевме деца, мајка ми не учеше да не ги фрламе корите од банана во кантата за ѓубре, туку во градината. Исто и лушпите од јајца. Така секогаш низ дворот имавме расфрлани кори од банана и лушпи од јајца,ама затоа розите на мајка ми цветаа како луди.

Ништо полесно од ова, а ефектот ќе ве воодушеви!

Тајната е во состојките содржани во кората од банана, затоа никогаш не ја фрлајте.
Во теглата во која сте ставиле вода ставете ја и кората од банана. Оставете да отстои ден или два, а потоа извадете ја кората од теглата и наводнете ги корените на билките. Водата во која стоела кората сега содржи состојки кои ја збогатуваат почвата и го поттикнуваат растот на растенијата.

Ова можете да го правите сега со вашите собни билки, а напролет и во градината.