Ако уште не сте пробале, еве како да направите домашен квасец за леб

359

Дали знаете дека лебот замесен со домашен квасец е поздрав и подолго ја задржува свежината?

Потребно е малку повеќе време за да се подготви домашен квасец отколку што би потрошиле за подготовка на леб, но конечниот резултат ќе ве воодушеви. Лебот од кисело тесто, како што се правеше порано, е многу поздрав и повкусен од оној што го јадеме денес, единствено што неговото правење бара малку повеќе време. Влезете во авантура – напорот ќе се исплати.

Еве 3 начини на кои можете да подготвите домашен квасец:

Со брашно и вода

Во сад измешајте неколку лажици интегрално брашно и млака вода во ретко тесто. Во текот на следните 4 дена, зголемувајте ја количината на смесата, повремено мешајќи. Ќе видите дека габите од брашното и воздухот си го направиле своето – ќе се појават меурчиња и тестото почнува да расте. Околу 250 гр се доволни за еден леб.

Додадете во остатокот уште брашно и вода, оставете го процесот да продолжи до следниот ден, потоа покријте го садот и чувајте го во фрижидер до следната употреба.

Со јаболка

Изрендајте го јаболкото и измешајте го со 500 гр брашно и млака вода, за да добиете многу меко тесто. Покријте го со чиста крпа и по 3-4 дена ќе видите дека тестото нараснало. Искористете половина, а остатокот ставете го во фрижидер до следната употреба.

Со кефир

Ако имате домашен кефир, измешајте една чаша со 100 гр брашно и оставете да ферментира еден ден. Оваа количина е доволна за да направите еден здрав и вкусен домашен леб.