Бамја за убава кожа, за здравје и за зголемување на желбата за секс

Фото: Unsplash
554

Бамјата се користи во исхраната со векови. Одлично делува на мазноста и затегнатоста на кожата, а тоа го знаела дури и Клеопатра. Поради нејзините афродизијачки својства била омилено јадење на беговите, за што најдобро сведочи познатата бегова чорба. Патем, имаме и добар рецепт

Бамјата е една од најстарите здрави намирници која на големо се враќа на менијата на многу кујни. Сепак, сè уште не го доживеала врвот на популарноста, а многу луѓе не ја сакаат заради слузот што го испушта.

Клеопатра ја употребувала за кожата, а беговите како афродизијак

Бамјата се користи во исхраната со векови. Одлично делува на мазноста и затегнатоста на кожата, а тоа го знаела дури и Клеопатра. Поради нејзините афродизијачки својства била омилено јадење на беговите, за што најдобро сведочи познатата бегова супа.
Ова повеќегодишно растение расте до еден метар во висина. Има долги ребрести плодови кои се лесно сварливи, сочни, пријатни и со малку опор вкус. За исхрана се користат само млади, недозреани плодови, кои се распаѓаат при варење, ослободувајќи мноштво ситни семчиња, исклучително богати со масти и протеини. За да можат цела година да бидат на трпезата, младите бамји се сушат нанижани на врвка, а можат и да се замрзнат, да се маринираат или да се смелат.

Лековити својства на растението бамја

Бамјата е богата со растителни влакна, важни за одржување на нормалното ниво на холестерол во крвта и стабилизирање на нивото на шеќер во крвта. Содржи бројни минерали и витамини, особено од групата Б, (главно Б1, Б2 и Б6) важни за одржување на безбедна и здрава бременост. Со производство на фолати, ги спречува вродените дефекти и му помага на фетусот нормално да расте и да се развива. Бамјата се користи уште одамна како лек за тврда столица.

Витаминот Ц, кој го има и во завидни количини, делува превентивно на дијабетесот, односно ги ублажува симптомите доколку се појавила болеста. Ефикасен е во случај на астма и други респираторни проблеми. Витаминот Ц од бамјите исто така ја подмладува кожата, го поттикнува растот и регенерацијата на нејзините ткива и на тој начин го подобрува производството на колаген.

Содржи и полисахариди кои имаат стимулирачки ефект врз телото и протокот на крв, што доведува до подобра функција на мозокот, меморијата и когнитивните способности. Бамјата содржи и многу антиоксиданти, од кои рутинот е особено важен бидејќи придонесува за цврстината на малите крвни садови, како и кверцетинот кој го штити респираторниот тракт, бидејќи помага да се елиминира слузта.

Официјалните истражувања потврдија дека редовното консумирање бамја го намалува ризикот од развој на бубрежни заболувања, особено оние предизвикани од дијабетес. Поради тоа што е премногу богат со диетални влакна, го поттикнува чистењето на дебелото црево, но и на целиот дигестивен тракт. А важниот придружник витаминот А придонесува за зачувување на здравјето на целокупната слузокожа на овие органи, како и за нивното нормално функционирање.

Рецепт за Бегова чорба

Состојки:

600 г пилешко месо

2 главици кромид

2 чешниња лук

Целер

4 моркови

2 компири

200 г бамји

3 жолчки од јајца

4 лажици кисела павлака

магдонос, ловоров лист, сол, црн пипер

Приготвување:

Во поголемо тенџере ставете го месото, прелијте го со вода и оставете го да се вари. Откако ќе зоврие, собирајте ја пената и отстранувајте ја. Потоа сите зеленчуци (освен бамјата) убаво се мијат, се сечат на коцки и се додаваат во тенџерето. Се остава да се вари 30-тина минути. Потоа со решеткаста лажица или штипалка извадете го месото, компирот и морковот и исечкајте ги ситно. Останатиот зеленчук изблендирајте го. Сетоа тоа се враќа во тенџерето и се додаваат бамјите, ситно сечкани и зачините. Се вари уште 10 минути. Се матат жолчките од јајца и павлаката и со таа смеса се прелива чорбата.