Банана и мед, комбинација која решава три проблеми

Фото: Freepik
591

Мешавината од банана и мед многу добро делува при болки во грлото, стомачни болки и кашлица.

Понекогаш не сакаме да прифатиме да пробаме некој природен лек бидејќи многу често ни се чини дека е нешто крајно невкусно. Мешавината од банана и мед, освен што ќе ви помогне при стомачни проблеми, кашлица и болки во грлото, сигурно ќе ги задоволи и вашите сетила.

Потребни состојки:

2 лажички мед
2 средни банани со црни дамки
400 мл зовриена вода

Приготвување:

Најпрво излупете ги бананите и изгмечете ги со вилушка или лажица. Добро би било да го правите тоа со дрвен прибор за јадење, бидејќи поради металниот ќе потемни. Потоа ставете ги бананите во тенџере и додадете во нив зовриена вода. Оставете ја смесата околу половина час, а кога ќе се олади додадете го медот. Важно е да го додадете на крајот, бидејќи ако го измешате со врела вода, ќе ги изгуби лековитите својства.

Примена:

Пијте 100 милилитри од овој напиток четири пати на ден. Количината на состојки од рецептот е доволна за еден ден, а наутро направете нова тура. Првите резултати ќе ги почувствувате за пет дена.