Без разлика дали пушите или веќе сте се откажале, овие намирници ќе ги ублажат последиците

Фото: Unsplash
318

Треба да се повтори дека пушењето го намалува количеството на витамините Ц, Е и А. Овие витамини можат да ги заштитат белите дробови од оштетување, затоа не заборавајте да ги вклучите во вашата исхрана без разлика дали пушите или веќе сте се откажале.

Сите знаеме дека пушењето е лошо за нашето здравје, но многумина од нас сè уште не можат да ѝ одолеат на оваа навика. Дури и ако се откажете од пушењето, последиците од консумирањето никотин може да траат со години. Треба да се повтори дека пушењето го намалува количеството на витамините Ц, Е и А. Овие витамини можат да ги заштитат белите дробови од оштетување, затоа не заборавајте да ги вклучите во вашата исхрана без разлика дали пушите или веќе сте се откажале.

Ви носиме листа на намирници кои можат да ги ублажат последиците од пушењето.

Брокулата е богат извор на витамини Ц и Б5. Помага и за слабеење, а добар е и за трудниците.

Сокот од портокал е богат и со витамин Ц и го забрзува метаболизмот. Ако редовно јадете портокали, помалку ќе страдате од стрес.

Сокот од морков е добар за кожата која исто така се оштетува од никотин. Покрај тоа, овој зеленчук е богат со витамини А, Ц, К и Б.

Спанаќот е најдобриот темнозелен лиснат зеленчук бидејќи не само што е богат со витамини, туку содржи и фолна киселина.

Калинката ја стимулира циркулацијата на крвта. Затоа, доколку сакате да ја намалите потребата од пушење, јадете калинка. Покрај калинките, на пушачите им се препорачува и киви.

Впрочем, водата е најважниот сојузник во борбата против пушењето. Според многу истражувања, ако сакате да се откажете од пушењето и да го намалите нивото на никотин во телото, пијте многу вода бидејќи пушењето води до дехидрација.