Блитвата е вистински чувар на здравјето

Фото: Pixabay
59

Нутриционистите ја рангираат блитвата помеѓу најздравите зеленчуци во светот. На своето здравје ќе му направите уште поголема услуга ако ја јадете сирова, во салата или во смути.

Можеби ќе ве изненади затоа што блитвата, освен што ја рангираат помеѓу најздравите зеленчуци на светот, исто така се смета и за една од најхранливите, па иако една порција има само 35 калории, заради изобилството на растителни влакна, долго време ве одржува сити.

Постојат безброј причини да јадете блитва почесто, а ние ќе се обидеме да ги сумираме  најважните. Богата е со витамини Ц, Б1, Б2 и каротин (провитамин А), витамин Е, и има значителни количини на витамин К, кој игра важна улога во згрутчувањето на крвта и го одржува здравјето и цврстината на коските.

Покрај тоа, таа е богата со магнезиум, железо, калиум, калциум и важни минерални соли. Содржи голем број на антиоксиданти за кои се верува дека ги намалуваат шансите за развој на хронични заболувања, но и на некои видови на карцином.

Има антиинфламаторно дејство, помага за зачувување на добрата крвна слика и здравјето на срцето и им помага на дијабетичарите.

На своето здравје ќе му направите уште поголема услуга ако ја јадете сирова, во салата или во смути. Салатата добро зачинете ја, додадете ѝ рукола или бејби спанаќ, а ако ја ставете во смути, ставете и состојки со силен вкус, како што се вишните и не се плашете дека ќе ви биде невкусно.

Ако сепак сакате прво да ја сварите, не претерувајте затоа што со долгото варење ќе си изгубат вредните состојки. Ако ги варите заедно петелките и листовите, тогаш ставајте ги прво петелките затоа што им треба подолго време за да се сварат, а листовите ставете ги потоа, за да не се случи да ви се преварат.