Брзи домашни тестенини
Нашата читателка Душица Крстеска сподели со нас рецепт за брзи домашни тестенини кои можете веднаш д ги консумирате. Таа е добитничка на два готвачи од „Топер“
Состојки:
2 јајца
околу 200 г брашно (по потреба)
Приготвување:
Се замесува тврдо тесто, се развлекува со сукало или на машина за јуфки и се сече на ленти.
Во тенџере со вода се додава само сол и се варат неколку минути, во зависност од дебелината.
Во чинијата лево се тестенините со доматен сос и сирење, а во десната со сланина, зденка, пармезан и хопла за готвење.