Виното и шампањското штитат од ковид-19

Фото: Unsplash
226

Според лекари од болница во Шенжен, Кина, консумирањето шампањ, црвено и бело вино може да ја намали опасноста од зараза со коронавирус. Написот е објавен во списанието „Фронтиерс ин нутришн“ (Frontiers in Nutrition).

Во ново истражување биле проучувани податоци од 473.957 луѓе, од кои 16.559 биле позитивни на ковид-19. Учесниците биле поделени во три групи – оние кои не пијат, луѓе што порано пиеле и  такви кои сега пијат алкохол. Заклучот говори дека оние кои претпочитаат црвено вино се најзаштитени од вирусот САРС-КоВ-2  – пиењето повеќе од пет чаши од овој пијалок неделно го намалува ризикот од зараза за 17 отсто.

За оние кои пијат една до четири чаши бело вино или шампањ неделно заштитата е осум отсто. А, кога пијат повеќе од пет чаши неделно, „заштитната делотворност“ е речиси незабележлива. Оние кои пиеле пиво имале 28 отсто поголема опасност да се заразат со коронавирус, а количината на пиење не играла улога.

Претходно, Сергеј Колесников, член на Руската академија на науките објаснил дека и вотката може да штити од сојот Омикрон.

Според него, вдишувањето на испарувањата од алкохол помага до одреден степен да се отстрани вирусот од дишниот систем. Сепак, тој потсети и на потребата да се почитува социјалната дистанца и на хигиената на рацете и носот.