Време е за пченична трева: Еве кои се нејзините лековити својства и како да ја одгледате

Фото: Freepik
760

Пченичната трева е симбол кој означува каква ќе ви биде Новата година. Затоа, треба да се засади на време за да биде зелена и бујна до Божиќ. Но дури и да не го правите ова заради Божиќ, можете да ја консумирате од едноставна причина што е многу здрава. Луѓето ја консумираат во борба против многу болести, од настинка до рак. Научниците потврдија дека помага во ублажување на несаканите ефекти од хемотерапијата, а не го нарушува нејзиниот ефект.

Пченицата ја консумирале старите Египќани 5.000 години пред нашата ера одгледувајќи ја во долините на Нил. Подоцна, Грците и Римјаните ги препознале предностите на пченицата. Историските записи зборуваат за нејзината широка употреба во медицината. Кинезите ја користеле пченицата за прочистување на крвта бидејќи има својство да ги врзува тешките метали и да ги отстранува од телото.

Пченицата историски се користела како средство за зајакнување на имунитетот и како антиинфламаторно средство. Многу лесно се одгледува и ја знаеме како една од културите кои се отпорни на различни временски услови, а освен тоа – пченицата може да се одгледува на речиси секоја почва.

Повеќето луѓе консумираат пченична трева во форма на сок бидејќи е потешка за варење. Во специјализираните продавници за здрава храна, можете да најдете пченична трева во форма на трева растворлива во вода, супа, шејк, смути итн. Има безброј варијации на оваа тема. Но, зошто би ја купувале преработена кога можете да си ја одгледате и сами, во вашиот дом?!

Кај кои болести помага пченичната трева?
Докажано е дека пченицата го подобрува здравјето на целиот организам. Пченичната трева го зајакнува имунолошкиот систем, го детоксицира телото и го намалува ризикот од разни болести. Во традиционалната медицина се користи за разни заболувања како што се:

настинки
кашлање
дигестивни нарушувања
висока телесна температура
ревматичен артритис
кожни болести
контролирање на нивото на шеќер во крвта
здравје на усната шуплина и забите
за нормализирање на функцијата на тироидната жлезда
за превенција од рак
за спречување на болести на срцето и циркулаторниот систем
за лекување на анемија
ублажување на штетните ефекти од хемотерапија
чистење на лимфата.


Што е пченична трева?

Пченичната трева е млада трева од пченица. Може да се одгледува на отворено, но и внатре.

Како и повеќето растенија, содржи хлорофил, амино киселини, витамини, минерали и ензими. Токму поради високата содржина на хлорофил, пченичната трева поволно делува на збогатување на крвта со кислород. Таа е природен извор на витамините А, К, Б6 и Е, како и на тиамин, рибофлавин, ниацин, калциум, селен, магнезиум и железо, а има и мала количина на протеини. Спротивно на популарното верување, витаминот Б12 не се наоѓа во пченичната трева, тој е само нуспроизвод на микроорганизмите кои живеат на неа.

Лековити својства на пченичната трева

Пченичната трева често се консумира во форма на сок или чај за да се стимулира чистењето на дигестивниот систем и на целиот организам. Луѓето ја консумираат во борба против многу болести, од наједноставните, како што е настинката, до најтешките, како што е ракот.

Се верува дека пченичната трева го зголемува бројот на црвени крвни зрнца, ја чисти крвта и органите, како и дигестивниот тракт и го стимулира метаболизмот.
Ја намалува количината на киселина во крвта.
Позитивно делува на чир на желудникот, улцеративен колитис, дијареа и опстипација.
Ги детоксицира црниот дроб и крвта и хемиски ги неутрализира негативните ефекти на околината врз телото.
Високата содржина на хлорофил помага да се пренесе кислородот во крвта. Се верува дека пченичната трева се однесува во телото како хемоглобин, протеин кој носи кислород до црвените крвни зрнца.

Пченичната трева се смета за здрава и безбедна, но сепак има одредени нуспојави кои се јавуваат при прекумерна конзумација.
Научниците потврдија дека помага во ублажување на несаканите ефекти од хемотерапијата, а не го нарушува нејзиниот ефект, односно го намалува влијанието на зрачењето благодарение на антиинфламаторниот ензим супер-оксид-дисмутаза (СОД).

Го зајакнува имунитетот и го подига нивото на енергија, а од голема помош е и во процесот на здраво слабеење. Таа, исто така ја промовира плодноста и има антиинфламаторни својства.

Покрај тоа, се препорачува да имате тегла пченична трева до креветот за полесен сон.
Пченичната трева се смета за здрава и безбедна, но има одредени несакани ефекти кои се јавуваат при прекумерна конзумација. Тоа може да биде:

главоболка
Мачнини
отекување на грлото
висока температура.

Како сами да одгледате пченица?

Божиќното жито е симбол кој означува каква ќе ви биде Новата година. Затоа, треба да се засади на време за да биде зелено и бујно до Божиќ, бидејќи тоа, во минатото значело дека такви ќе бидат и посевите во текот на годината.

Пченицата се сади на празникот на Света велокомаченичка Варвара, на 17. декември или на Свети Никола – на 19. декември, кај православните христијани, а кај католиците на 13. декември, на денот на Света Луција.

Со цел да ги обезбедите вашите сопствени резерви на пченица, ви донесуваме неколку корисни упатства за садење и одгледување.

Како по правило, пченицата расте многу брзо. За одгледување ќе ви требаат органски семиња од пченица, тресет и почва.

Во продолжение е опис на постапката за садење и одржување на пченицата.

Семките од пченица треба да се потопат во стаклена тегла 24 часа и да се измијат најмалку три пати.
Кога ќе забележите дека пченицата почнала да ‘рти, засадете го семето на тенок слој земја во некој плиток сад,  на чинија или во помала саксија. Немојте да штедите на семињата и прекријте го целото дно од садот така што нема да остане празно место – дури е пожелно на некои места семето да се преклопува.

Потоа прекријте го со уште еден слој земја. Наместо земја, можете да употребите и слој од памук натопен со вода. Тој е практичен затоа што го впива вишокот течности.

Не ја чувајте пченицата на место каде што има премногу греење затоа што може да се исуши. Најдобро е да ја ставите покрај прозорецот, на топло и светло место.

Првите неколку дена, пред пченицата да почне да никнува, прекријте ја со алуминиумска фолија која чува влага. Штом почне да испушта зелени издатоци, тргнете ја фолијата и полевајте ја пченицата умерено секој ден.

За заливање на пченицата која е посеана во чинија, ви е потребна околу една лажица вода.