Голтнете чешне лук, изедете мандарина, грицнете малку ѓумбир

Фото: Freepik
332

Во период кога е поважно од кога и да е да го зајакнете вашиот имунитет, ви носиме совети од нутриционист за тоа кои три намирници особено го чуваат вашиот организам од вируси и болести.

Зајакнувањето на имунолошкиот систем секогаш треба да биде наш приоритет, а кога тоа ќе стане нешто неизбежно, бараме дополнителни начини да го зачуваме. Покрај здравиот начин на живот кој вклучува редовно движење и вежбање, доволно сон и што е можно помалку нервоза и стрес, исхраната игра една од поважните улоги. Освен здрава и балансирана исхрана, постојат три особено добри намирници што ќе го чуваат нашиот имунитет во секој период од денот, тврди нутриционистката Маја Фелер.

Ако не сакате цел ден да смрдите на лук, голтнете едно чешне, изедете една мандарина и изгрицкајте малку ѓумбир и тоа е сѐ што треба секојдневно да консумирате во овој период на настинки и вируси за да го зајакнете имунитетот.

Мандарини (Клементини)

Нивните придобивки се еднакви на оние што ги нудат портокалите, но спакувани во помали и послатки пакети. Тие се полни со витамин Ц, за кој веќе знаеме дека е еден од главните јунаци за зачувување на имунитетот. Клементините се одличен антиоксиданс кој помага да се протераат слободните радикали, а во време кога сме изложени на најразлични вируси, и најмалата доза на витамин Ц е неверојатно корисна.

Ѓумбир

Веројатно сте го користеле ѓумбирот за да го смирите стомакот, но тој во себе крие многу повеќе предности. Меѓу нив особено се истакнува способноста да му помогнеме на организмот да се бори против инфекции и да ги ублажи болките во зглобовите и мускулите – вообичаен симптом на многу болести и вируси. Направете чај или сок од ѓумбир или грицкајте го сиров.

Лук

Лукот е на списокот на намирници кои ја поддржуваат имунолошката заштита. Тој игра голема улога во спречувањето на болестите, а со секојдневно консумирање му помага на организмот да се одбрани од несакани промени и болести. Алицинот во лукот ги уништува бактериите, а во комбинација со ѓумбир или витамин Ц, претставува вистинска „имунолошка бомба“.