Густа супа од печени пиперки

Фото: Pexels
121

Еве за што можете да ги искористите последните пиперки или оние што сте ги подзаборавиле во фрижидерот

Состојки:

– 1 праз

– 1 помала главица кромид

– 6 печени пиперки

– 1 лажичка ким во прав

– 2 ловорови листови

– 1 л супа од коцки или обична вода

– 1 лажичка чили

– маслиново масло

– сол и црн пипер

– 2 кришки леб

Приготвување:

Празот и кромидот исечкајте ги, па во тенџере загрејте три лажици маслиново масло, ставете ги празот и кромидот и малку пропржете ги.

Додадете ловоров лист, ким, чили и печените пиперки исечени на поголеми парчиња. Се динста неколку минути, се додава супата (или водата), се промешува убаво, се покрива и се остава да се вари 20 минути.

Извадете ги ловоровите листови, префрлете ја содржината во блендер и сè измешајте, па вратете во преостанатата течност.

Додадете сол и црн пипер по вкус и оставете да зоврие. Покријте и оставете ја на страна.

Лебот исечкајте го на коцки, ставете го во плех, прелијте го со маслиново масло, посолете и поросете со малку мелен црн пипер.

Се пече во рерна да биде крцкаво.

Послужете ја супата во чинии, а одозгора ставете парче крцкави коцки леб.