Дали би пробале да направите домашна боза?

Фото: Википедиа
641

Некои се чудат како можеме да ја пиеме, додека пак други редовно си ја купуваат, на точење, во пластични шишиња за дома. Најдовме еден рецепт за правење боза, а во меѓувреме, изјаснете се: кој прави најдобра боза во вашиот град?

Бозата е многу интересен, освежувачки пијалок, кој ги има своите корени во Отоманската империја. Дознајте како со неа може да го зајакнете имунитетот и можеби најинтересно за женскиот род, да си ги зголемите градите.
Бозата е богата со витамини А, Б и Е, железо и е ценето како пијалок што загрева и исполнува со сила.

Рецептот за боза е едноставен.

500 г пченкарно брашно

7 л млака вода

20 г квасец

500 г шеќер

Пченкарното брашно ставете го во поголем тенџере, додадете 5 литри вода и оставете го преку ноќ. Утрото, ставете го на шпоретот и варете два часа, повремено мешајќи. Тргнете го од шпоретот и оставете го да отстои неколку часа. Потоа во смесата додадете го квасецот разматен со 2 литри млака вода и оставете го да „кисне“ до утредента.

Следниот ден, исцедете ја течноста преку газа и додадете шеќер. Изладете го пијалокот и сервирајте го со мраз.

Интересно е тоа што за бозата тврдат дека може да им помогне на жените да ги зголемат градите на природен начин. Ова особено го користеле Бугарите, па некои бугарски медиуми пишуваа дека Европејците почнале масовно да купуваат боза за своите жени и партнерки. Точно е дека овој пијалок, благодарение на оваа приказна, е популарен во некои европски ресторани и кафулиња. Во сето тоа има и некаква вистина. Имено, бозата може да го подигне нивото на хормонот пролактин, кој го поттикнува производството на млеко, па затоа може да дојде до зголемување на градите. Затоа бозата им била препорачувана на доилките, а ја пиеле и турските војници за да бидат посилни.