Дали ви се случило да извадите јајца од фрижидер па да ги вратите назад?

Фото: Unsplash
219

Задолжително фрлете ги јајцата кои биле во фрижидер, а потоа сте ги извадиле и сте ги оставиле на собна температура подолго од 2 часа.

Сигурно некогаш ви се случило да ги извадите јајцата од фрижидер со намера да направите нешто, а потоа сте се предомислиле, па сте ги вратиле назад. Ако во меѓувреме поминале повеќе од 2 часа, јајцата се опасни за консумација

Задолжително фрлете ги јајцата кои биле во фрижидер, а потоа сте ги извадиле и сте ги оставиле на собна температура подолго од 2 часа.

Кога еднаш ќе се оладат во фрижидер, многу е важно да ги држите јајцата на иста температура. Во спротивно можат да бидат опасни по здравје

Ладното јајце во топло опкружување почнува да се „поти“, а тоа го поттикнува растот на бактерии на надворешната страна. Со оглед на тоа што лушпата од јајце е порозна, бактериите можат да продрат во неговата внатрешност и да го заразат.

За да спречите било какви нагли температурни промени, чувајте ги јајцата во најладниот дел од фрижидерот, никако на врата кадешто обично ги чуваме. Така се поголеми шансите да доаѓа до промена на температурата во вратата заради нејзиното отварање и затварање.

Ако добиете јајца кои не се измиени и цело време биле на собна температура, тогаш нема никаква потреба да ги ставате во фрижидер. Но, ако одлучите да ги измиете, тогаш мора да ги ставите во фрижидер.