Нутриционистите постојано нудат совети за тоа како треба да се јаде овошјето, а читајќи ги сфаќам дека моите навики се сосема поинакви и сосема нормални во 80-тите, периодот кога ние растевме
Кога ние бевме деца, поточно, во 70-тите и во 80-тите, па и во 90-тите години беше нормално наутро, ако не сакаме да појадуваме да ни тутнат во рака по едно јаболко, круша или банана, во зависност од сезоната, а најслатко јадење ни беше леб, сирење и грозје или лубеница, а доматите ги јадевме како јаболки, трчајќи по улица. За десерт секаде, и дома и во детските одморалишта и во хотелите, се даваше овошје.
Денеска, нутриционистите имаат сосем поинакви правила за тоа како треба да се јаде овошјето. Прочитајте ги и проверете дали ги почитувате овие совети или си терате по ‘старо’?
Знаеме дека овошјето е нутритивна намирница која му користи на организмот, но според нутриционистите, ако не го консумираме на правилен начин, а правилен начин е овој подолу, овошјето ќе му направи на нашето здравје повеќе штета, отколку корист.
А еве како би требало да се јаде овошје според советите на нутриционистите:
Овошјето не треба да се јаде наутро како појадок и на празен стомак, за да не се забрза работата на панкреасот и лачењето на инсулин.
Овошјето никогаш не треба да се јаде за време на оброк. Овошјето се јаде помеѓу оброците за да се постигне детоксикација.
Консумирајте овошје во текот на денот преку два помали оброци како ужина, и тоа три часа по појадокот и ручекот, но никако после 18 часот.
Јадете свежо и сирово овошје, повеќе домашно отколку увозно.
Овошјето помешано со друга храна предизвикува скапување и е причина за надуеност.
Комбинацијата на овошје која се препорачува се морковите и јаболката.
Не комбинирајте многу кисело и слатко овошје.
Не се препорачува овошје во големи количини, особено не кисело.
Секој трет ден можете да јадете само овошје но задолжително консултирајте се со лекар. На овој начин телото ќе се исчисти од непожелните токсини и ќе си ја вратите силата.
Подобро е да се јаде свеж и цел плод, отколку да се пијат сокови, а ко веќе користите сокови од свежо овошје, потрудете се да ги пиете бавно за да го олесните варењето. Никогаш немојте да пиете загреан или топол сок од свежо овошје, ниту пак премногу ладен. Корисните состојки на овошните состојки се одржуваат подолго на нешто пониска температура, додека на повисока започнува ферментација.
Компот, како варено овошје, не се препорачува затоа што на овој начин се убиваат хранливите материи, а телото се снабдува со голема количина шеќер.
Јадете овошје на правилен начин и во право време за да го почувствувате дејството на природните состојки и витамини на вашата кожа, коса, нокти, на физичките способности, психолошката состојба, долговечноста, здравјето и енергијата кои стануваат видливи изненадувачки брзо.
Фото: Pixabey