Дали го лупите ѓумбирот?

Фото: Unsplash
514

Користењето ѓумбир во кујната е најдобриот начин да се додаде вкус на речиси секое јадење, но ако досега сте го лупеле, послушајте го советот на експерт за зачини кој открива зошто не треба да се лупи.

Здравствените придобивки од овој миризлив зачин се многубројни; не само што ќе го подобри варењето, туку и ќе го ублажи воспалението.

И ова се веќе доволни причини да го користите што почесто. Претпоставуваме дека при користење на свеж ѓумбир тргнувате од претпоставката дека е неопходно да се излупи пред употреба!

Но така многу од овој миризлив свеж зачин завршува во ѓубрето. Се чини дека е ова сосема погрешно.

И ако се прашувате кој е најдобар начин за лупење ѓумбир, се чини дека единствениот точен одговор е – воопшто не треба да го лупите. Д-р Канчан Која, експерт за зачини, открива дека „лушпата“ од ѓумбир може да се јаде, па лупењето не е потребно. Според неа, кората содржи двојно повеќе корисни полифеноли од содржината и – уште поважно, побогата е со уникатни и различни соединенија.

Со оглед на тоа што кората е малку влакнеста, најдобро е да се користи во супи или чај – односно кога ја процедувате храната/пијалокот пред консумирање, пишува MindBodyGreen.

Сепак, за сите оние на кои би им пречеле овие влакна, Која препорачува ѓумбирот да го „излупите“ така што ќе ја стружете кората со лажица. Така ќе зачувате повеќе свеж миризлив зачин отколку ако користите нож или лупалка.