Нутриционистите не препорачуваат пиење вода после лубеница поради потенцијални дигестивни проблеми. Исто така, не препорачуваат таа да се јаде во комбинација со друга храна бидејќи го забавува процесот на апсорпција и варење што доведува до зголемување на киселоста во органите за варење
Сезона е на лубеници, а ова прекрасно, слатко овошје ги полни количките за пазарење на речиси секое семејство. Покрај неговите високо хидратантни својства, има и голем број здравствени придобивки. Шилпа Арора, макробиотичка нутриционистка и здравствена практичарка, вели: „Лубениците содржат ликопен, калиум и многу други хранливи материи. Тие исто така содржат влакна кои го поддржуваат процесот на варење“.
Според книгата Healing Foods, цитрулинот, важна аминокиселина која се наоѓа во месото на лубеницата, може да го стимулира производството на азотен оксид, кој го регулира крвниот притисок и го подобрува протокот на крв.
Дефинитивно вреди да го додадете ова сочно, сезонско овошје во вашиот летен план за исхрана, но што е со пиењето вода после лубеница?
Лубеницата можете да ја додадете во салати или да направите сок од неа, има многу начини на кои можете да ја користите, но ќе најдете и неколку митови во врска со нејзината консумација. Многу луѓе сугерираат дека не треба да пиете вода после лубеница, а експертите објаснија за food.ndtv.com за што станува збор.
Некои веруваат дека лубениците содржат 96 проценти вода, така што нема потреба да пиете вода откако ќе ги конзумирате бидејќи тоа може да го попречи вашиот дигестивен систем со разредување на дигестивните сокови. Други веруваат дека бидејќи лубеницата содржи претежно вода и шеќер во форма на фруктоза, пиењето дополнителна вода по нејзиното консумирање може да доведе до ризик од стомачни инфекции.
Нутриционистката од Бангалор, д-р Анџу Суд, исто така советува да не се пие вода после лубеница. Таа вели: „Тоа може да влијае на вашиот гастроинтестинален тракт. Лубеницата е главно вода, шеќер и влакна. На микробите или бактериите им требаат вода и шеќер за да се развијат и да се прошират. Значи, ако пиете вода после јадење лубеница, поголеми се шансите микробите да се шират низ вашиот гастроинтестинален тракт“.
Нутриционистите не препорачуваат пиење вода после лубеница поради потенцијални дигестивни проблеми
Според Шилпа Арора, макробиотичка нутриционистка и здравствена практичарка, лубеницата е полна со вода и нема смисла да се пие вода по јадењето лубеница. Исто така, таа предлага да не се комбинира со друга храна.
„Кога лубеницата се јаде со друга храна, таа го забавува процесот на апсорпција и варење во нашиот стомак, што доведува до зголемување на киселоста во органите за варење. Некои луѓе со чувствителен стомак чувствуваат непријатност кога пијат вода со овошје. Значи, најдобро е тоа да се избегнува, меѓутоа, нема доволно научни докази кои би докажале дека лубеницата и водата не се компатибилни“.