Дали можете да јадете јогурт со поминат рок и што може да ви се случи?

Фото: Unsplash
296

Ако во фрижидерот најдете јогурт на кој му истекол рокот на траење, не го фрлајте. Помирисајте го, ако мириса лошо фрлете го. Ако има добар мирис и лош вкус, фрлете го. Ако вкусот и мирисот се добри, можете да го јадете.

Иако можеби не е на исто ниво како лебот, млекото и јајцата, јогуртот е дефинитивно главен производ. Јогуртот не само што е сестран (може да се користи како основа за сосови, смути и печива или да се консумира сам), туку е и нутритивно посакувана храна.

„Јогуртот е добар извор на калциум за зајакнување на коските, но и за здравјето на цревата поради добрите бактерии што ги содржи“, вели нутриционистката Кери Ганс. Може да биде и извор на протеини. И покрај неговите квалитети, често знае да биде заборавен во фрижидерот, а кога повторно ќе го видиме, ќе забележиме дека му поминал рокот.

Ова, се разбира, покренува некои прашања, како на пример: Дали е во ред да јадете јогурт со изминат рокот на траење и што е најлошото што може да се случи ако го консумирате јогуртот со поминат рок? Во основа, следниот пат кога ќе најдете јогурт на кој му е истечен рокот, не го фрлајте, бидејќи датумот не значи дека е технички истечен, туку дека најдобро е да се искористи до наведениот датум.

„Многу од тоа се сведува на квалитетот, а не на прашање за безбедноста“, вели д-р Бенџамин Чепмен, професор од Универзитетот во Северна Каролина. Во основа, датумот испечатен на јогуртот значи само до кога производителот гарантира дека квалитетот на јогуртот е на својот врв. Накратко, јогуртот можете да го консумирате и по неговиот рок на траење. „По истекот на рокот, ќе стане покисел поради ферментацијата“, вели Чепмен, објаснувајќи: „Меѓутоа, тоа не значи дека е безбедно да се јаде јогурт што седи во фрижидер со месеци. Генерално може да се јаде неотворен јогурт околу еден месец откако ќе истече рокот на траење“.

Ако го отворите јогуртот и го оставите во фрижидер, може да издржи најмногу една недела.

Како можете да бидете сигурни дека јогуртот е сепак добар?

Работите се едноставни, вели Чепмен, помирисајте го јогуртот, ако мириса лошо фрлете го. Ако има добар мирис и лош вкус, фрлете го. Ако вкусот и мирисот се добри, можете да го јадете.

Што може да ви се случи ако јадете расипан јогурт?

„Ако јадете јогурт кој бил затворен, тоа ќе ви предизвика вознемиреност во цревата, но тешко дека може да се случи затоа што ќе препознаете дека не е добар по вкусот. Ако јадете расипан јогурт што е оставен отворен во фрижидер, што исто така е малку веројатно да се случи бидејќи ќе почувствувате, може да добиете дијареа, грчеви и повраќање“, објаснува Ганс.

Како правилно да го чувате јогуртот?

Веднаш штом ќе го земете од продавница, ставете го во фрижидер. Обидете се да не го чувате отворениот јогурт подолго од неколку дена во фрижидер. Ако мислите дека сте купиле повеќе јогурт отколку што можете да јадете во догледна иднина, замрзнете го. Ганс вели дека јогуртот може да остане замрзнат месец или два без да го промени својот вкус по одмрзнувањето.